Македонија
Протестираа вработените во УЈП: Повисоки плати или генерален штрајк!

Вработените во Управата за јавни приходи, денеска, со протест пред Министерството за финансии, го изразија незадоволството од недавањето согласност од страна на министерот за финансии Фатмир Бесими за потпишување на новиот Колективен договор за покачување на нивните платите.
Претседателот на Синдикалната организација „Солидарност“ при УЈП, Васе Неданоски, изјави дека изготвен е нов Колективен договор во кој се утврдени неопходните права потребни за функционирање на управата, меѓу кои е и правото на зголемување на платите кое е одобрено со член 66 од Законот за буџети.
-Таквата содржина на договорот беше прифатена од двете страни и беше испратена до Министерството за финансии на одобрување, истакна Неданоски додавајќи дека со цел да се направи компромис во врска со договорот вработените на УЈП се откажале од некои финансиски права.
Вработените од Управата за јавни приходи предупредуваат дека доколку не се потпише Колективниот договор со кој се овозможуваат 30 отсто повисоки плати на вработените следен чекор им е радикален штрајк, кој како што нагласи Неданоски, ќе биде во штета на целата држава.
-
Гостиварпред 4 недели
Се потсетуваме, најсреќните на Водици во Гостивар кои го извадија крстот од Вардар
-
Македонијапред 3 месеци
Невработените со можност за бесплатни обуки и полагање за возачки дозволи за камион и автобус
-
Гостиварпред 3 месеци
ПАТЕПИС: Во прегратките на Кораб – Светилиштата како вечност
-
Вестипред 3 месеци
УЈП со важно известување за корисниците на МојДДВ
-
Вестипред 3 месеци
Преку „е-услуги“ вадење имотен лист за неколку секунди
-
Македонијапред 3 месеци
Комплетна листа на неработни денови во 2025-та година
-
Што, како, каде?!пред 1 месец
„Пица & Бургер БЕЈБИ“ – Ново уникатно место за добра храна и забава во Гостивар
-
Рецептипред 3 месеци
Крем супа од тиква и морков – топло, вкусно и хранливо