Гостивар
Се појави змија во двор на градинка во Гостивар, управата бара од институциите дополнителни проверки и мерки

Во двор на јавната детска градинка „Пчелка“ во Гостивар, која е сместена во простории на интернатот, попладнево се појавила змија. Ја забележала мајка на детенце што ја посетува градинката, веднаш алармирала, по што за кратко време змијата била усмртена. Од Управата на гостиварските детски градинки за Gostivarpress.mk го потврдија немилиот настан, информираа дека од своја страна ги презеле сите мерки, внимаваат на безбедноста и условите во објектите, случајот го пријавиле во повеќе институции и очекуваат соодветна реакција, односно дополнителни проверки и превентивни мерки.
„Родителка ја забележа змијата во дворот околу 14 часот и 50 минути. За среќа од овој случај немаше последици по дечињата, вработените, родителите. Но, сепак загрижена сум за можни ризици и пријавив во Центарот за управување со кризи, во Противпожарната единица и во локалната самоуправа. Од овие институции барав да реагираат, се работи за место кадешто секојдневно има деца. Барав дополнителни проверки и да се преземат некои превентивни мерки. Од Противпожарната единица упатија дека треба просторот да се расчисти целосно, предупредија на опасност од шахта. Мора да кажам дека делот што ние го користиме од дворниот простор редовно го средуваме, тревата се коси, се чисти. Безбедноста на децата ни е на прво место, јас како директорка еве и јавно барам институциите да реагираат превентивно, затоа што никој не може да каже дали ќе се појават уште змии“, рече директорката на градинките, Даниела Бошкоска.
-
Гостиварпред 1 месец
Курсна листа на НБРМ и приватните менувачници во Гостивар
-
Занимливостипред 1 недела
Речениците на Толстој ја откриваат тајната на среќен живот: Најголемите вистини се наједноставни
-
Здравје и убавинапред 3 месеци
„Сокче од морковче“… дознајте кои се огромните придобивки
-
Занимливостипред 2 недели
Како се прават најдобрите кубански цигари – Отмена арома на луксузот
-
Гостиварпред 4 недели
Девизниот курс денес според приватните менувачници во Гостивар и НБРМ
-
Гостиварпред 2 недели
Се потсетуваме, најсреќните на Водици во Гостивар кои го извадија крстот од Вардар
-
Гостиварпред 2 месеци
Ниќифорово може да даде уште една потврда дека Македонија е библиска земја
-
Македонијапред 4 дена
Србите го слават Свети Сава – Национален празник на српската заедница во земјава