Здравје и убавина
Што може да јадете навечер без страв од покачување на килограмите
Врз основа на истражувањата, во случај на глад ноќе, најдобро е да се јадат закуски богати со хранливи материи – нутритиенти и со само еден макронутриент.
Тоа ќе ве одржи сит преку цела ноќ и ќе го одржува шеќерот во крвта стабилен, велат познавачите. Храната што може да се јаде вклучува, меѓу другото, и овесна каша. Ова е една од најдобрите намирници за пред спиење, бидејќи е богата со влакна и е добар извор на магнезиум што го подобрува спиењето. Сепак, препораката гласи: Прескокнете го засладувањето со шеќер.
Се препорачува и протеински микс со малку маснотии, без шеќер… Според познавачите, протеините се важен за губењето тежина. А пак, кога се комбинира со анаеробни вежби, протеин добиен од млеко може да помогне и во градењето и обновувањето на мускулите. Во таа смисла, 300 грама свежо сирење содржи околу 12 грама протеини. Тој протеин може да ја продолжи ситоста до утринските часови, додека триптофанот што го содржи може да помогне за подобар сон.
Кивито е една од најдобрите овошја за навечер, и тоа поради повеќе причини. Испитувањата посочуваат дека едно киви може позитивно да влијае на заспивањето, времетраењето и делотворноста на сонот кај возрасните лица. Како второ, кивито е и нискокалорично и полно хранливи материи, како што се: влакна, фолна киселина, калиум и витамини Ц, Е и К.
Натаму, бадемите може да ја задоволат желбата за грицкање доцна во ноќта, а истовремено обезбедуваат драгоцени протеини и се богати со магнезиум – минерал за којшто е докажано дека ја ублажува несоницата. Бадемите се богати и со мелатонин, хормон што го регулира циклусот спиење – будење.
-
Гостиварпред 2 месеци
Курсна листа на НБРМ и приватните менувачници во Гостивар
-
Македонијапред 2 месеци
Денеска е Летник
-
Македонијапред 3 месеци
Србите го слават Свети Сава – Национален празник на српската заедница во земјава
-
Македонијапред 2 месеци
Денес е Прочка – Проштевајте и побарајте прошка од оној на кој сте му згрешиле
-
Гостиварпред 2 месеци
Објавен повик за невработени-По 6.000 евра грант за да си отворат бизнис
-
Видео емисиипред 3 месеци
Емисија „МИНУТИ ЗА СЕКОГО“ – Гостин: д-р Агим Јакупи | НАТАЛИТЕТ И ЖЕНСКО ЗДРАВЈЕ
-
Вестипред 2 месеци
Историјат на Осми март – Празник посветен на правата на жените
-
Гостиварпред 3 месеци
Баба Нада со 90 години е најстар жител на Зубовце, денес пречека добри гости во домот