Поврзи се со нас

Гостивар

Стојаноска на средба со УМС: ВМРО ДПМНЕ се обврзува да ги обезбеди сите услови за младите

Објавено

на

Носителот на листата за ИЕ 6 од Коалицијата „Обнова на Македонија“ предводена од ВМРО-ДПМНЕ, Дафина Стојаноска во денешната предизборна агенда во Гостивар оствари средба со членовите на Унијата на млади сили.Во своето обраќање истакна дека иднината на младите е ставена на коцка и тие од разочарување се иселуваат од државата.

„Младите се силата на Македонија, а ние возрасните и политичарите треба да сме доволно мудри за да ги задржиме дома и да станат иднината на Македонија. За жал, сведоци сме како нашите млади секојдневно си заминуваат далеку од Македонија, барајќи подобар живот. Заминуваат, разочарани од ветувањето за живот дома, ветување кое се претвори во една голема лага. И на тој список од млади луѓе кои си одат има секакви имиња. Александар, Аднан, Мухарем, Стефан… На тој список нема никакви поделби. Сите овие млади луѓе кои си заминуваат имаат едно заедничко нешто: не сакаат да живеат во земја во која неправдата е закон, а криминалот е единствен начин за успех.

Наша должност како родители е да го смениме тоа. Се работи за нашите деца. Тие сакаат да останат овде, но да имаат пристоен живот и вистинско образование, од кое ќе станат вредни и креативни луѓе кои ќе ја градат и водат државата еден ден. Ќе ја сакаат својата татковина и ќе се гордеат со нејзиното знаме и химна. Со нејзиното име. Македонија мора да се обнови, а сите обнови почнуваат од и со младите. Затоа во име на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата за обнова на Македонија, како и од името на Унијата на млади сили на ВМРО-ДПМНЕ, се обврзуваме дека обновата ќе ги обезбеди сите услови кои еден млад човек треба да ги ужива во својата земја.“, изјави Стојаноска повикувајќи на поддршка за престојните избори: „Ве повикувам бунтовно и гордо, како што доликува на младоста, на 15 јули да излезете и заедно да ја обновиме и вашата иднина. Не ја менувајте земјата, сменете ја власта! Заокружете бр 14.“.

Носителот на листата од ВМРО ДПМНЕ заедно со кандидатите за пратеници ја продолжуваат агендата во Гостивар со средба со Унијата на жени, спортски работници и посета на населбата Дутлок.

Сподели ја веста:
Остави коментар

Оставете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Advertisement
Advertisement

Маркетинг

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Огласи за вработување:

Гостиварпред 2 часа

Велигденска честитка на Митрополитот Тетовско-гостиварски г. Јосиф

ПАРЛАМЕНТАРНИ ИЗБОРИ 2024пред 3 часа

Стојаноска: Бројот 2 е да си ја зачуваме историјата и да ја градиме иднината за нашите деца

Вестипред 4 часа

РАДОСТ ВО ЕРУСАЛИМ: Благодатниот оган се спушти во црквата Воскресение Христово

ПРЕТСЕДАТЕЛСКИ ИЗБОРИ 2024пред 4 часа

Пендаровски во Гостивар – Да не се враќаме назад во време на препукување: Кој е поглавен во оваа заедничка куќа

Вестипред 7 часа

Велика Сабота, ден на слегувањето на Благодатниот оган: Чудо и привилегија на православните верници

Гостиварпред 7 часа

Света литургија во Гостивар на Велика сабота: Со радост да ги поминеме следните часови до Воскресението, празник на нашето избавување од ропството на смртта и премин во живот

Гостиварпред 7 часа

И на дожд „летаат“ по патот, казнети 115 брзи возачи во Гостивар и Тетово

Здравје и убавинапред 8 часа

Здравствените придобивки од ротквицата и зошто треба да ја вклучите во вашата исхрана

Вестипред 9 часа

Четврти мај, годишнина од смртта на Гоце Делчев и на Јосип Броз Тито

Гостиварпред 1 месец

Света архијерејска Василиева литургија во Гостивар со гости од Србија и чин на ракоположување

Гостиварпред 2 месеци

Со љубов и почит кон корените – „Танец“ одржа концерт во Гостивар

Гостиварпред 4 месеци

Водици 2024 Гостивар: Осветени водите на Вардар – Бог се јави, Навистина се јави!

Гостиварпред 4 месеци

Ангелчињата во Гостивар го најавија Христовото раѓање-Бадникова поворка 2024

Спортпред 5 месеци

По првиот круг од сезоната КК Гостивар „виси“ на 8-та позиција на табелата

Спортпред 5 месеци

Кехинде од пенал му пресуди на Македонија Ѓорче Петров 1-0

Гостиварпред 8 месеци

Стефановски: Гостивар одличен како домаќин и публика, благодариме од срце!

Спортпред 8 месеци

ФК Гостивар загуби на домашен терен од Силекс 1-2

Гостиварпред 9 месеци

Осветена црквата „Св.Климент Охридски“ во Пожаране: Да го чуваме православието, секој храм е парче небо на земјата!

Advertisement

Популарно изминативе 100 дена