Гостивар
Стојаноска од Јегуновце: Тишината на Југохром е најгласниот крик на жителите
Носителот на листата во ИЕ 6 од Коалицијата „Обнова на Македонија“ на чело со ВМРО ДПМНЕ, Дафина Стојаноска денес беше во посета на Јегуновце, каде оствари средба со жителите и поразговара за состојбите, нивните потреби и проблеми.
„Се наоѓам пред една вистина на Зоран Заев оставена во Општина Јегуновце, поради која што овде владее молк. Се обврзав дека нема да напаѓам во кампањата, но жителите ме замолија од нивно име да го потсетиме Зоран Заев дека Југохром не го рестартира ни во 2018, ни во 2019, ни во 2020-та година. Заев ветуваше дека овој економски гигант ќе биде рестартиран , а денес во “Југохром” наидовме на мртва тишина. Оваа тишина е најгласниот крик на јегуновчани. Ми порачаа дека политичари-манипулатори тука веќе не проаѓаат. Исто така, земјоделците не се задоволни од исплатите на субвенциите, ниту од отштетата за поплавите. Локалната исто како централната власт не ги исполни ветувањата: патот Желино – Јегуновце и регулацијата на речното корито на Варадар. ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата “Обнова на Македонија” се обврзуваат дека чесно и без лаги ќе ја предводат новата Македонска влада.“, изјави Стојаноска.
-
Гостиварпред 2 месеци
Курсна листа на НБРМ и приватните менувачници во Гостивар
-
Македонијапред 2 месеци
Денеска е Летник
-
Македонијапред 3 месеци
Србите го слават Свети Сава – Национален празник на српската заедница во земјава
-
Македонијапред 2 месеци
Денес е Прочка – Проштевајте и побарајте прошка од оној на кој сте му згрешиле
-
Гостиварпред 2 месеци
Објавен повик за невработени-По 6.000 евра грант за да си отворат бизнис
-
Видео емисиипред 3 месеци
Емисија „МИНУТИ ЗА СЕКОГО“ – Гостин: д-р Агим Јакупи | НАТАЛИТЕТ И ЖЕНСКО ЗДРАВЈЕ
-
Вестипред 2 месеци
Историјат на Осми март – Празник посветен на правата на жените
-
Гостиварпред 3 месеци
Баба Нада со 90 години е најстар жител на Зубовце, денес пречека добри гости во домот