Поврзи се со нас

Македонија

Судската администрација на предупредувачки протест, бара повисоки плати

Објавено

на

    Вработени во судската администрација денеска излегоа на мирен едночасовен протест пред Основниот Кривичен суд во Скопје со барање за враќање на додатоците на плата до 35 отсто и итно донесување на законот за судска служба.

    Протестот го организираа Независниот синдикат на судска администрација на Македонија и Здружението на судска администрација.

    Јасмина Величкова претседател на судска служба на Македонија вели дека парите од додатоци се од плаќањето судски паушали и оти не зависат од Министерството за финансии.

    „Да ни се вратат додатоците на плата. Тие додатоци се од судскиот буџет, не се од Министерството за финансии, бидејќи ние судскиот буџет го полниме од паушали. Бараме итно, како има пари за 78 отсто повисока плата за функционерите, европски плати за нив и за нас“, изјави Величкова на протестот.

    Потпретседателката на Здружението на судска администрација Рената Ѓоргиевска вели дека на протестот го изразуваат незадоволството од одлуката на Судскиот совет дека е одбиено нивното барање за исплата на најмалку 25 отсто додатоци на плата на судската служба.

    „Освен што се одби ова барање, беше донесена и одлука со која се одбиваат додатоците и за мај 2023 година. Ова незадоволство го искажуваме затоа што 90 отсто од вработените  во судската служба се на работ на егзистенција. Просечната плата е 25.000 денари, додека потрошувачката кошничка на четири члено семејство за мај е 50.000 денари“, рече Ѓоргиевска.

    Побараа од надлежните органи во Судскиот совет да се координираат и да ги обезбедат средствата за исплата на најмалку 35 отсто додатоци на судксите службеници до донесување на новиот закон на судска служба.

    Доколку Судскиот совет не ги исполни нивните барања, судските службеници најавија по неколку часовни протести во сите судови низ државата, а подоцна и штрајк.

    Сподели ја веста:
    Advertisement
    Advertisement
    Advertisement
    Advertisement
    Гостиварпред 2 часа

    Во Гостивар лишено од слобода лице поради кражба на автомобил

    Здравје и убавинапред 5 часа

    Добра конзервирана храна што вреди да ја имате при рака

    Гостиварпред 7 часа

    Метео аларм за дожд, ветер и грмежи

    Македонијапред 20 часа

    Законски регулирана дополнителната и сезонската работа

    Културапред 21 час

    „Од Вардар за Вардар“ – Јубилеен концерт на хорот „Вардар“ во Гостивар

    Гостиварпред 23 часа

    Општина Гостивар за протестот на земјоделците: Некои од критиките се неосновани и претерани, ќе се заложиме за соодветно решение

    Гостиварпред 1 ден

    Протест на земјоделци од полошко: Ќе ги блокираме Гостивар и општината ако не се отвори каналот за наводнување

    Македонијапред 1 ден

    Минималните трошоци во мај зголемени за околу 20 евра

    Македонијапред 1 ден

    Бесплатно летување за деца од социјален ризик и корисници на посебен додаток

    Гостиварпред 4 месеци

    Празникот Водици во Вруток прославен традиционално со уникатни обичаи

    Гостиварпред 4 месеци

    Осветен Вардар во Гостивар – Масовно чествување на Богојавление – Водици 2025, топлината во срцата посилна од студот!

    Гостиварпред 5 месеци

    Бадникова поворка 2025 во Гостивар – Река од дечиња низ улиците го навестија Христовото раѓање

    Гостиварпред 6 месеци

    ПАТЕПИС: Во прегратките на Кораб – Светилиштата како вечност        

    Гостиварпред 8 месеци

    Одбележани 80 години од злосторот во Беличица-Почит за положените животи за слободна Македонија

    Гостиварпред 10 месеци

    Кинолошки спектакл во Мавровско, над 200 кучиња на Меѓународната CACIB 2024 изложба

    Гостиварпред 1 година

    Света архијерејска Василиева литургија во Гостивар со гости од Србија и чин на ракоположување

    Гостиварпред 1 година

    Со љубов и почит кон корените – „Танец“ одржа концерт во Гостивар

    Гостиварпред 1 година

    Водици 2024 Гостивар: Осветени водите на Вардар – Бог се јави, Навистина се јави!

    ОГЛАСИ ЗА ВРАБОТУВАЊЕ

    Заследете нѐ на Facebook

    следете нѐ и на телеграм

    Advertisement

    Следете нѐ

    Advertisement

    Популарно изминативе 100 дена