Гостивар
Света литургија во храмот „Пресвета Богородица“ во Гостивар за празникот Духовден
![](https://gostivarpress.mk/wp-content/uploads/2020/06/crk.jpg)
Митрополитот Тетовско-гостиварски г. Јосиф во соборниот храм Пресвета Богородица во Гостивар богослужеше света литургија за денешниот празник Педесетница-Духовден. По литургијата се отслужи и вечерна богослужба на која беа прочитани молитви на призив на Светиот Дух.
„Зелинилото кое е поставено во овој храм, кое го симболизира животот даден на секој човек преку слегувањето на светиот дух, постојано да ви влева нови духовни сили во надминувањето на искушенијата кои секојдневно се појавуваат во нашите живот. Да се молиме и да живееме православно, верувајќи во троичкиот Бог, отецот, синот и светиот дух да живееме светотаински, да се воцрковуваме и да ги практикуваме редовно светите тајни“, рече во својата беседа г.Јосиф.
Духодвен се празнува десет дена по Спасовден (Вознесение Христово), а педесет дена по Велигден. Се нарекува и Педесетница, не само затоа што се празнува педесет дена по Велигден туку и затоа што настанот се случил точно на еврејскиот празник Педесетница што Евреите го празнувале во спомен на денот кога Господ му ги дал на Мојсие законите во Синајската Гора.
фото: тетовско-гостиварска епархија
-
Гостиварпред 3 месеци
Инцидент во маркет во Гостивар
-
Македонијапред 2 месеци
Невработените со можност за бесплатни обуки и полагање за возачки дозволи за камион и автобус
-
Светпред 3 месеци
Во Словенија нови правила за странци за постојан и привремен престој
-
Гостиварпред 2 месеци
ПАТЕПИС: Во прегратките на Кораб – Светилиштата како вечност
-
Рецептипред 3 месеци
Домашна кремаста пилешка паштета – брз и едноставен рецепт
-
Вестипред 2 месеци
УЈП со важно известување за корисниците на МојДДВ
-
Гостиарскипред 2 месеци
Гостиварецот Деан Поповски победник во уникатното голф дерби во Белград
-
Вестипред 2 месеци
Преку „е-услуги“ вадење имотен лист за неколку секунди