Гостивар
„Светлината на светот“, нова книга на гостиварецот Михајловиќ
Деновиве од печат излезе новото книжевно дело на гостиварецот Александар Михајловиќ. Се работи за збирка кратки раскази, под наслов „Светлината на светот“, која содржи 53 кратки раскази и е негово самостојно издание, поддржано од Министерството за култура.
„Со поглед секогаш насочен нагоре и во искечување, Александар Михајловиќ, полека но сигурно го напипува својот творечки пулс. Го љуби творештвото до таа мера, што го поистоветува со животот и тоа станува негова муза и смисла за неговото постоење. Неговите приказни се плаузибилни и секој може да се пронајде, ги засегаат сите, и сечии се, а најмалку лични. Авторот е вешто прикриен воајер што умее да ѕирне длабоко во човековата душа, во потрага по близина“, пишува во поговорот, поетесата Билјана Дејновска.
Уредник на изданието е Татјана Гогоска, лектурата ја направи Габриела Петроска, а графичкото уредување Едона Османи.
Александар Михајловиќ е роден во Гостивар, 1971 година. Работи како наставник. „Светлината на светот“ е прва негова книга со прозни дела. До сега има објавено две стихозбирки: „Алтани и други“ и „Помалку измамени“. Добитник е на награди и признанија за поезија во земјава и странство, а негови песни се застапени во повеќе антологии и збирки.
Новата збирка раскази наскоро ќе биде промовирана пред читателската публика.
-
Гостиварпред 2 месеци
Курсна листа на НБРМ и приватните менувачници во Гостивар
-
Македонијапред 2 месеци
Денеска е Летник
-
Македонијапред 3 месеци
Србите го слават Свети Сава – Национален празник на српската заедница во земјава
-
Македонијапред 1 месец
Денес е Прочка – Проштевајте и побарајте прошка од оној на кој сте му згрешиле
-
Гостиварпред 2 месеци
Објавен повик за невработени-По 6.000 евра грант за да си отворат бизнис
-
Видео емисиипред 3 месеци
Емисија „МИНУТИ ЗА СЕКОГО“ – Гостин: д-р Агим Јакупи | НАТАЛИТЕТ И ЖЕНСКО ЗДРАВЈЕ
-
Вестипред 2 месеци
Историјат на Осми март – Празник посветен на правата на жените
-
Гостиварпред 3 месеци
Баба Нада со 90 години е најстар жител на Зубовце, денес пречека добри гости во домот