Поврзи се со нас

Македонија

Светски ден за слобода на медиумите – Здружението и Синдикатот на новинари повикуваат на поддршка и солидарност

Објавено

на

Денешниот датум, 3 мај се одбележува како Светски ден за слобода на медиумите. Како таков е прогласен во 1993 година од страна на Генералното Собрание на Обединетите, кое ја усвои Препораката од 26-тата сесија на генералната конференција на УНЕСКО две години претходно.

По повод денот, ЗНМ и Синдикатот на новинари нагласуваат дека одговорното и професионално новинарство во оваа кризна ситуација се покажа како клучно во насока на информирање на граѓаните.

„Кризата предизвикана од Ковид-19 пандемијата ги исфрли на врвот предусловите за функционална демократија а тоа е дека новинарството мора да се третира како јавно добро, а протокот на информациите не смее да биде ограничен.  Самостојниот синдикат на новинари и медиумски работници и Здружението на новинари на Македонија, повикуваат на солидарност и поддршка, пред се од јавноста, за новинарите и медиумските работници кои во последните два месеци се соочуваат со големи здравствени, безбедносни, финансиски, но и етички предизвици, во обидот правилно и навремено да ја информираат јавноста за случувањата поврзани со Ковид-19 пандемијата. Потсетуваме дека борбата против дезинформациите кои се покажаа како особено штетни во вакви предизвикувачки времиња е можна само со производство на објективни и точни информации и транспарентна работа на Владата и на другите јавни институции.“, наведуваат во нивното соопштение.

Според извештајот на „Репортери без граници“ за слобода на медиумите, Македонија се наоѓа на 92. место. „Иако е мал напредок, се уште е разочарувачка позиција. Затоа потсетуваме на нашите минатогодишни барања по повод Светскиот ден за слобода на медиуми, а тоа се темелни реформи на медиумскиот сектор во државата со цел воспоставување услови за работа на новинарите и медиумските работници преку кои би се создал амбиент за извршување на нивните работни задачи без притисоци, уцени и загриженост за нивната економско-социјална состојба.“, додаваат од ЗНМ и ССНМ.

Оттаму потенцираме дека најавените намалувања на плати, или намалување на кадарот во некои медиуми е недозволиво, особено во услови кога повеќе од кога било е потребно новинарството и медиумите да ја играат својата улога на чувар на јавниот интерес. Без слобода на изразување, независни и критички медиуми не е можно воспоставување на функционална демократија, но и надминување на кризи како актуелната пандемија.

Сподели ја веста:
Остави коментар

Оставете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Маркетинг

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Огласи за вработување:

Гостиварпред 1 месец

Света архијерејска Василиева литургија во Гостивар со гости од Србија и чин на ракоположување

Гостиварпред 2 месеци

Со љубов и почит кон корените – „Танец“ одржа концерт во Гостивар

Гостиварпред 3 месеци

Водици 2024 Гостивар: Осветени водите на Вардар – Бог се јави, Навистина се јави!

Гостиварпред 4 месеци

Ангелчињата во Гостивар го најавија Христовото раѓање-Бадникова поворка 2024

Спортпред 5 месеци

По првиот круг од сезоната КК Гостивар „виси“ на 8-та позиција на табелата

Спортпред 5 месеци

Кехинде од пенал му пресуди на Македонија Ѓорче Петров 1-0

Гостиварпред 8 месеци

Стефановски: Гостивар одличен како домаќин и публика, благодариме од срце!

Спортпред 8 месеци

ФК Гостивар загуби на домашен терен од Силекс 1-2

Гостиварпред 9 месеци

Осветена црквата „Св.Климент Охридски“ во Пожаране: Да го чуваме православието, секој храм е парче небо на земјата!

Advertisement

Популарно изминативе 100 дена