Поврзи се со нас

Гостивар

„Тепачки“ за брзи ковид тестови во аптеките во Гостивар

Објавено

на

Силниот удар на коронавирус што Гостивар го трпи периодов, ги натера граѓаните да ги полнат аптеките. Најмногу се бараат витамини за подигнување на имунитетот, антибиотици (сумамед, оспен) препишани од лекар како терапија, но и брзи ковид тестови. Во неколкуте аптеки кои денес ги посетивме рекоа дека продавале 60 до 70 такви тестови дневно. Голем дел од граѓаните кога ќе почувствуваат некакви здравствени проблеми и ќе се посомневаат на коронавирус се одлучуваат првично на ваков начин да проверат дали се позитивни. Тестовите ги купувале и луѓе кои биле во контакт со потврден заразен.

„Многу е голема побарувачката за брзи тестови. За начинот на нивна употреба има  упатството кое е важно да се следи, правилно да се земе брис од носот, потоа се допира на одредена точка на тестот и за кратко се добива резултатот. Има тестови од различни производители, а цените се од 400 денари нагоре“, рекоа во една од гостиварските аптеки.

Брзите тестови кои ги продаваат аптеките се само како индикативни, а не официјални ковид тестови. За релевантен резултат тестирање мора да се спроведе во овластена лабораторија.

Она што се поставува како прашање е дали граѓаните чии резултати се позитивни на коронавирус на брз тест, потоа се упатуваат на тестирање во лиценцирана лабораторија. Само со направен брз тест, тие не се евидентираат во систем на заразени, што значи дека не добиваат решенија за изолација. Доколку немаат посериозни симптоми и немаат потреба од лекарска помош, останува на нивната совест и одговорност дали ќе се самоизолираат дома или ќе продолжат да се движат меѓу луѓе со што потенцијално го загрозуваат здравјето на сите околу нив.

Фармацевтите рекоа дека дел од граѓаните периодов бараат и ивермектин, антипаразитски лек со широк спектар на делување, кој во одредени случаи се користи и за третман против ковид.

Сподели ја веста:
Advertisement
Advertisement
Advertisement
Гостиварпред 3 недели

Се потсетуваме, најсреќните на Водици во Гостивар кои го извадија крстот од Вардар

Гостиварпред 3 недели

Празникот Водици во Вруток прославен традиционално со уникатни обичаи

Гостиварпред 4 недели

Фатено лице при кражба во манастирот Свето Преображение во Гостивар

Магазинпред 4 недели

Зошто не треба да ги плакнете садовите пред да ги ставите во машина за миење садови?

Гостиварпред 2 недели

Општина Гостивар ќе доделува субвенции за инвертери и велосипеди

Гостиварпред 2 недели

Гостивар-Девојче и момче ноќеска паднале во бессознание по пиење алкохол во дискотека

Гостиварпред 2 недели

Калта и загадувањето во Гостивар од изградбата на Коридорот 8, тема во Локалниот совет за превенција

Гостиварпред 4 недели

Сучење на врвките за градскиот крст во Гостивар

Гостиварпред 4 недели

Да се остранат возилата на патот Маврово – Бунец преку Никифорово и Леуново, повика „Македонија пат“

Гостиварпред 3 недели

Празникот Водици во Вруток прославен традиционално со уникатни обичаи

Гостиварпред 3 недели

Осветен Вардар во Гостивар – Масовно чествување на Богојавление – Водици 2025, топлината во срцата посилна од студот!

Гостиварпред 1 месец

Бадникова поворка 2025 во Гостивар – Река од дечиња низ улиците го навестија Христовото раѓање

Гостиварпред 3 месеци

ПАТЕПИС: Во прегратките на Кораб – Светилиштата како вечност        

Гостиварпред 5 месеци

Одбележани 80 години од злосторот во Беличица-Почит за положените животи за слободна Македонија

Гостиварпред 6 месеци

Кинолошки спектакл во Мавровско, над 200 кучиња на Меѓународната CACIB 2024 изложба

Гостиварпред 11 месеци

Света архијерејска Василиева литургија во Гостивар со гости од Србија и чин на ракоположување

Гостиварпред 11 месеци

Со љубов и почит кон корените – „Танец“ одржа концерт во Гостивар

Гостиварпред 1 година

Водици 2024 Гостивар: Осветени водите на Вардар – Бог се јави, Навистина се јави!

ОГЛАСИ ЗА ВРАБОТУВАЊЕ

- Хидротермика системи ДООЕЛ Гостивар
- М-Е Систем ДООЕЛ Гостивар
- М-Е Систем ДООЕЛ Гостивар

Заследете нѐ на Facebook

следете нѐ и на телеграм

Advertisement

Следете нѐ

Популарно изминативе 100 дена