Гостивар
Тетово бара одложување на стартот на учебната година со физичко присуство поради критичната ковид состојба

Кризниот штаб на Општина Тетово денес одлучи да побара одложување на почетокот на учебната година со физичка настава во рок од 3 недели, поради критичната ковид состојба на подрачјето.
„Со оглед на отежнатата епидемиолошка состојба во Тетово и Полог, бараме од Министерството за образование и Кризниот штаб при Владата да го одложат почетокот на учебната година со физичко присуство за 3 недели, за сите нивоа на образование, основно, средно и високо. Имајќи предвид дека оваа ситуација преовладува во другите околни општини, апелираме до другите општини во Полог да го поддржат ова барање, и заеднички да придонесеме за намалување на нови случаи на инфекција со Ковид 19.“, соопштија од тетовската општина.
Покрај тоа, Кризниот штаб побара целиот образовен и технички персонал во основните и средните училишта во општина Тетово да се вакцинира до почетокот на учебната година со физичко присуство, соодветно до 20.09.2021 година. „По овој рок ќе се бара секој втор ден да покажуваат доказ за брз негативен тест, чии трошоци сами ќе треба да ги поднесат. Повторуваме уште еднаш и ги повикуваме сите граѓани да бидат крајно внимателни, почитувајќи ги здравствените мерки и протоколи, со цел заеднички да му дадеме можност на здравствениот систем да ја амортизира тежината на предизвикот пред него.“, стои во соопштението.
-
Гостиварпред 3 недели
Се потсетуваме, најсреќните на Водици во Гостивар кои го извадија крстот од Вардар
-
Гостиварпред 3 месеци
Инцидент во маркет во Гостивар
-
Македонијапред 2 месеци
Невработените со можност за бесплатни обуки и полагање за возачки дозволи за камион и автобус
-
Светпред 3 месеци
Во Словенија нови правила за странци за постојан и привремен престој
-
Гостиварпред 3 месеци
ПАТЕПИС: Во прегратките на Кораб – Светилиштата како вечност
-
Вестипред 3 месеци
УЈП со важно известување за корисниците на МојДДВ
-
Вестипред 3 месеци
Преку „е-услуги“ вадење имотен лист за неколку секунди
-
Гостиарскипред 3 месеци
Гостиварецот Деан Поповски победник во уникатното голф дерби во Белград