Поврзи се со нас

Гостивар

Уапсени 21 и 32 годишник за детска порнографија во случајот со контроверзната „Јавна соба“

Објавено

на

Вчера (4 февруари) полициски службеници од СВР Скопје, Единица за економски и компјутерски криминал, по оформен предмет минатата година во ОЈО Скопје во врска со лица поврзани со групата ,,Јавна соба”, и издадени наредби во текот на вчерашниот ден од надлежен јавен обвинител, ги лишиле од слобода М.П. 21 годишен и Д.К.32 годишен, двајцата од Скопје заради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело,, „производство и дистрибуција на детска порнографија”. Надлежниот јавен обвинител денеска донесе Наредба за спроведување истражна постапка против двајцата осомничени за кривично дело – Производство и дистрибуција на детска порнографија по член 193-а став 3 во врска со став 1 од Кривичниот законик.

„Во периодот од 19.12.2019 година до 28.01.2020 година, двајцата осомничени, како основач и модератор на групата, биле должни да се грижат за содржината на текстуалните и аудио-визуелните содржини кои се споделуваат од членовите на групата. Но, тие со умисла дозволиле на групата да се направи достапна содржина – аудио-визуелен материјал на кој се прикажани очигледни полови дејствија со дете. Бидејќи постои опасност од бегство, можност да влијаат врз сведоците или да го повторат кривичното дело, јавниот обвинител за двајцата осомничени на возраст од 32 и 21 година, до судијата на претходна постапка при Основниот кривичен суд Скопје достави предлог за определување мерка притвор.“, соопшти обвинителство.

Основното јавно обвинителство Скопје истакнува дека поради обемноста на анализираниот материјал споделуван во оваа група, а со цел да се утврди идентитетот на сторителите на кривични дела и да се обезбедат релевантни докази на законит начин, во текот на предистражната постапка досега беше неопходно да се издадат 20 наредби и барања до Министерството за внатрешни работи. По овие наредби и барања биле доставени известувања и анализи. Поради сензитивноста на самиот предмет и тајноста на предистражната постапка согласно Законот за кривична постапка, до овој момент Обвинителството не беше во можност да ги сподели овие податоци со јавноста, иако во текот на целиот период постапуваше и продолжува активно да постапува, наведува ЈО.

Сподели ја веста:
Advertisement
Advertisement

Маркетинг

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Огласи за вработување:

Македонијапред 33 минути

Осигурувањето за регистрација на возилата се враќа по стара цена

Гостиварпред 2 часа

Инцидент на патот Гостивар-Кичево

Македонијапред 3 часа

Велигденско послание на г.г. Стефан: Незаодната светлина од Велигден да не‘ поврзе сите Македонци во богољубието, братољубието и родољубието

Гостиварпред 4 часа

Излетал од пат четирицикл во Галичник, повредени девојка и момче

Македонијапред 5 часа

Се исплаќа априлската социјална помош

Бизниспред 6 часа

ИНОВАЦИЈА НА КОМПАНИЈАТА АСИНУС- ГОСТИВАР: Складирање на свежо овошје со био турбо технологија во нов погон во Македонски Брод

Гостиварпред 7 часа

Запалено ѓубриште кај гостиварска патарина

Гостиварпред 8 часа

Драстична промена на времето, пороен дожд, грмежи и ветер

Македонијапред 9 часа

Денес е Велики четврток, првите велигденски јајца вапсани пред изгрејсонце

Гостиварпред 1 месец

Света архијерејска Василиева литургија во Гостивар со гости од Србија и чин на ракоположување

Гостиварпред 2 месеци

Со љубов и почит кон корените – „Танец“ одржа концерт во Гостивар

Гостиварпред 3 месеци

Водици 2024 Гостивар: Осветени водите на Вардар – Бог се јави, Навистина се јави!

Гостиварпред 4 месеци

Ангелчињата во Гостивар го најавија Христовото раѓање-Бадникова поворка 2024

Спортпред 5 месеци

По првиот круг од сезоната КК Гостивар „виси“ на 8-та позиција на табелата

Спортпред 5 месеци

Кехинде од пенал му пресуди на Македонија Ѓорче Петров 1-0

Гостиварпред 8 месеци

Стефановски: Гостивар одличен како домаќин и публика, благодариме од срце!

Спортпред 8 месеци

ФК Гостивар загуби на домашен терен од Силекс 1-2

Гостиварпред 9 месеци

Осветена црквата „Св.Климент Охридски“ во Пожаране: Да го чуваме православието, секој храм е парче небо на земјата!

Advertisement

Популарно изминативе 100 дена