Поврзи се со нас

Вести

Ученици од Гостивар со два пехари и бројни награди на престижен меѓународен натпревар

Објавено

на

Осмоодделенци од основното училиште „Мустафа Ќемал Ататурк“ од Гостивар постигнаа голем успех на натпреварот по англиски јазик The World Scholar`s Cup, кој се одржа пред два дена во Скопје. Стефани Гаврилоска, Анастасија Симуноска и Никола Гостовиќ тимски освоија два пехари за дебата во јуниорска конкуренција, а сите поединечно освоија по пет златни и пет сребрени медали во различни дисциплини и области.

Натпреварот има четири дисциплини: дебата, тимско пишување, ученички предизвик и ученички куп. Учениците го мерат познавањето на англискиот јазик во неколку области: меѓучовечки односи, историја на дипломатијата, уметност и музика, наука,  општествени науки и литература.

Гостиварските осмоодделенци, со својот успех обезбедија директен пласман на Глобалните светски натпревари во Барселона и во Мелбурн, кои ќе се одржуваат летово.

The World Scholar`s Cup е престижен меѓународен натпревар, кој истовремено се одржува во педесет држави низ светот. Во Македонија учество зедоа околу 400 основнци и средношколци поделени во категории, сениори и јуниори.

Сподели ја веста:
Остави коментар

Оставете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Маркетинг

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Огласи за вработување:

Гостиварпред 1 месец

Света архијерејска Василиева литургија во Гостивар со гости од Србија и чин на ракоположување

Гостиварпред 2 месеци

Со љубов и почит кон корените – „Танец“ одржа концерт во Гостивар

Гостиварпред 3 месеци

Водици 2024 Гостивар: Осветени водите на Вардар – Бог се јави, Навистина се јави!

Гостиварпред 4 месеци

Ангелчињата во Гостивар го најавија Христовото раѓање-Бадникова поворка 2024

Спортпред 5 месеци

По првиот круг од сезоната КК Гостивар „виси“ на 8-та позиција на табелата

Спортпред 5 месеци

Кехинде од пенал му пресуди на Македонија Ѓорче Петров 1-0

Гостиварпред 8 месеци

Стефановски: Гостивар одличен како домаќин и публика, благодариме од срце!

Спортпред 8 месеци

ФК Гостивар загуби на домашен терен од Силекс 1-2

Гостиварпред 9 месеци

Осветена црквата „Св.Климент Охридски“ во Пожаране: Да го чуваме православието, секој храм е парче небо на земјата!

Advertisement

Популарно изминативе 100 дена