Поврзи се со нас

Вести

Учениците од Гостивар ќе се вклучат во Глобалната недела на парите

Објавено

на

 

Глобалната недела на парите (27 март ‒ 2 април) во Македонија се одбележува со повеќе активности кои се насочени кон едукација на децата и младите на теми од областа на финансиите. Информативните средби и предавањата ги организира Координациското тело на регулаторните институции за финансиска едукација кое го сочинуваат Народна банка на Република Македонија, Министерството за финансии, Агенцијата за супервизија на осигурувањето, МАПАС и Комисијата за хартии од вредност.

И учениците од Гостивар во рамки на Глобалната недела на парите ќе имаат можност да научат нешто повеќе за штедењето, банкарскиот сектор, инвестирањето, осигурувањето, пензискиот сектор и други теми поврзани со функционирањето на финансиските системи. Според најавите, предавањето ќе се спроведе следната недела.

-Целта на активностите е да се подигне нивото на финансиска писменост кај младото население, да се поттикнат младите да инвестираат во својата иднина, истакнувајќи ја важноста на раната финансиска едукација, со што им се помага да станат свесни за своите финансиски права, и да ги развиваат финансиските вештини, нагласуваат организаторите.

Глобалната недела на парите, на светско ниво ја спроведува Меѓународната организација за финансиска едукација на деца и млади (Child and Youth Finance International). Годинешното мото гласи: „Учи! Штеди! Заработи!“. Оваа глобална иницијатива ја подигнува свеста кај младите преку учење за тоа како функционираат парите, вклучувајќи го штедењето, вработувањето и претприемаштвото.

Сподели ја веста:
Advertisement
Advertisement

Маркетинг

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Огласи за вработување:

Гостиварпред 26 секунди

Инцидент на патот Гостивар-Кичево

Македонијапред 59 минути

Велигденско послание на г.г. Стефан: Незаодната светлина од Велигден да не‘ поврзе сите Македонци во богољубието, братољубието и родољубието

Гостиварпред 2 часа

Излетал од пат четирицикл во Галичник, повредени девојка и момче

Македонијапред 3 часа

Се исплаќа априлската социјална помош

Бизниспред 4 часа

ИНОВАЦИЈА НА КОМПАНИЈАТА АСИНУС- ГОСТИВАР: Складирање на свежо овошје со био турбо технологија во нов погон во Македонски Брод

Гостиварпред 5 часа

Запалено ѓубриште кај гостиварска патарина

Гостиварпред 6 часа

Драстична промена на времето, пороен дожд, грмежи и ветер

Македонијапред 8 часа

Денес е Велики четврток, првите велигденски јајца вапсани пред изгрејсонце

Македонијапред 19 часа

Како да препознаете фалсификат евро монета

Гостиварпред 1 месец

Света архијерејска Василиева литургија во Гостивар со гости од Србија и чин на ракоположување

Гостиварпред 2 месеци

Со љубов и почит кон корените – „Танец“ одржа концерт во Гостивар

Гостиварпред 3 месеци

Водици 2024 Гостивар: Осветени водите на Вардар – Бог се јави, Навистина се јави!

Гостиварпред 4 месеци

Ангелчињата во Гостивар го најавија Христовото раѓање-Бадникова поворка 2024

Спортпред 5 месеци

По првиот круг од сезоната КК Гостивар „виси“ на 8-та позиција на табелата

Спортпред 5 месеци

Кехинде од пенал му пресуди на Македонија Ѓорче Петров 1-0

Гостиварпред 8 месеци

Стефановски: Гостивар одличен како домаќин и публика, благодариме од срце!

Спортпред 8 месеци

ФК Гостивар загуби на домашен терен од Силекс 1-2

Гостиварпред 9 месеци

Осветена црквата „Св.Климент Охридски“ во Пожаране: Да го чуваме православието, секој храм е парче небо на земјата!

Advertisement

Популарно изминативе 100 дена