Поврзи се со нас

Регион

Украинка пронајдена мртва на автопатот „Арбен Џафери“ во Косово

Објавено

на

Косовската полиција соопшти дека синоќа на автопатот „Арбен Џафери“, кој ги поврзува косовската престолнина со границата со Македонија кај Генерал Јанковиќ, е пронајдено безживотното тело на млада жена, странска државјанка, јави дописникот на МИА од Приштина.

Порталот „Газета експрес“, повикувајќи се на сопствени неименувани извори, објави дека станува збор за украинска државјанка на 23-годишна возраст, чие име ѝ е познато на редакцијата, но истото не го објави, согласно законските одредби кои ги регулираат таквите случаи.

Според синоќешното соопштение на косовското МВР, полициско патролно возило на автопатот, на 24-тиот километар од Приштина во правец на Урошевац, околу 20 часот го забележала безживотното тело на едно лице на лентата за принудно запирање на возилата.

Полицијата ја повикала итната медицинска служба, а дежурниот лекар констатирал дека женското лице, странска државјанка, е без знаци на живот.

На местото на настанот излегле и надлежни истражни единици, како и обвинител, по чиј налог безживотното тело е однесено за обдукција во приштинскиот Институт за судска медицина.

Сподели ја веста:
Advertisement
Advertisement

Маркетинг

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Огласи за вработување:

Здравје и убавинапред 25 минути

Без прејадување за Велигден! После постот, обилна храна е шок за организмот

Гостиварпред 2 часа

Во ОВР Гостивар пријавена закана со пиштол поради расправија за паркинг

Гостиварпред 4 часа

Почитувана традиција – Поклонување и поминување под Плаштеницата во храмот „Успение на Пресвета Богородица“ во Гостивар

ИЗБОРИ 2024пред 6 часа

Нешковска: Манастирот Св. Преображение Христово, еден од најубавите бисери во Гостивар

Вестипред 7 часа

Ден на слободата на медумите – Mакедонските новинари со потпросечни плати и се уште изложени на закани и напади

Гостиварпред 9 часа

Фатена жена при кражба во дуќан во Гостивар

Гостиварпред 9 часа

Викенд временска прогноза

Гостиварпред 11 часа

Прекин на водата во дел од Дутлок поради дефект на водоводна линија

Вестипред 12 часа

Велики петок, ден на Христовите страданија, најтажен за христијанството

Гостиварпред 1 месец

Света архијерејска Василиева литургија во Гостивар со гости од Србија и чин на ракоположување

Гостиварпред 2 месеци

Со љубов и почит кон корените – „Танец“ одржа концерт во Гостивар

Гостиварпред 4 месеци

Водици 2024 Гостивар: Осветени водите на Вардар – Бог се јави, Навистина се јави!

Гостиварпред 4 месеци

Ангелчињата во Гостивар го најавија Христовото раѓање-Бадникова поворка 2024

Спортпред 5 месеци

По првиот круг од сезоната КК Гостивар „виси“ на 8-та позиција на табелата

Спортпред 5 месеци

Кехинде од пенал му пресуди на Македонија Ѓорче Петров 1-0

Гостиварпред 8 месеци

Стефановски: Гостивар одличен како домаќин и публика, благодариме од срце!

Спортпред 8 месеци

ФК Гостивар загуби на домашен терен од Силекс 1-2

Гостиварпред 9 месеци

Осветена црквата „Св.Климент Охридски“ во Пожаране: Да го чуваме православието, секој храм е парче небо на земјата!

Advertisement

Популарно изминативе 100 дена