Македонија
Утре плата плус за вработените во МВР кои работеа на процесот на промена на личните документи

Вработените во управните служби на МВР кои работеа на процесот на промена на личните документи на граѓаните утре ќе добијат уште една плата. Оваа одлука поминала на денешната владина седница, соопшти МВР.
Дополнителниот заменик министер за внатрешни работи во техничката Влада, Митко Бојмацалиев на денешната прес – конференција во Владата изрази благодарност до вработените во МВР кои изминатиот период беа ангажирани во управните служби да работат на промената на личните документи на граѓаните.
„Во оваа прилика сакам да се заблагодарам на сите колеги кои работата во управните служби изминатиот период кои работат во смени, за викенди и на празници, кои дадоа свој личен придонес за промена на патните исправи, на лични документи и сите останати документи кои граѓаните требаше да ги променат од Република Македонија со новото име Република Северна Македонија. Воедно, ги информирам дека утре на своите сметки ќе добијат по една плата во висина од последната исплатена плата која ја имале од МВР, акт кој исто така е потпишан од мене и од министерот“, рече Бојмацалиев.
-
Гостиварпред 3 месеци
Се потсетуваме, најсреќните на Водици во Гостивар кои го извадија крстот од Вардар
-
Гостиварпред 2 месеци
Распоред на свештеници за Задушница во Гостивар
-
Гостиварпред 3 месеци
Празникот Водици во Вруток прославен традиционално со уникатни обичаи
-
Што, како, каде?!пред 3 недели
Во Гостивар отворен нов салон за убавина „Beauty Room Stella“ – Жените го заслужуваат најдоброто!
-
Гостиварпред 3 месеци
Гостивар-Девојче и момче ноќеска паднале во бессознание по пиење алкохол во дискотека
-
Гостиварпред 3 месеци
Фатено лице при кражба во манастирот Свето Преображение во Гостивар
-
ФОТО ВЕСТпред 2 месеци
ФОТО ВЕСТ: Гостиварските советници ги обоија дланките како симболична поддршка за лицата со ретки болести
-
Здравје и убавинапред 3 месеци
Како да го победите постојаното чувство на глад?