Гостивар
Утре седница на Советот на Гостивар: Вработувања, нови управни одбори, задолжување…
Советот на Општина Гостивар утре ќе го одржи продолжението на 16-тата седница, која во понеделникот по изборот на нов претседател, беше прекината и презакажана.
Дневниот ред, како и вообичаено е обемен и има над 80 точки од различни области. Советниците ќе го разгледуваат кварталниот извештај за извршување на буџетот, Планот за вработување на општината за 2020-та година како и предлог за долгорочно домашно задолжување на општината во рамки на Проектот за подобрување на општинските услуги. Пред Советот ќе се најдат и предлог-решенија за именување и разрешување на членови на управни одбори на основни и средни училишта, детските градинки, интернатот и јавните претпријатија. За училиштата треба да се усвојат и извештаи и програми за работа, додека од областа на урбанизмот на деневен ред се околу 25 точки.
Да потсетиме дека во гостиварскиот Совет дојде до прегрупирање на силите и мнозинството сега го предводи партијата на градоначалникот Арбен Таравари, Алијанса за Албанците. Нов претседател на Советот е Бесим Мемеди.
-
Гостиварпред 2 месеци
Курсна листа на НБРМ и приватните менувачници во Гостивар
-
Македонијапред 2 месеци
Денеска е Летник
-
Македонијапред 3 месеци
Србите го слават Свети Сава – Национален празник на српската заедница во земјава
-
Македонијапред 2 месеци
Денес е Прочка – Проштевајте и побарајте прошка од оној на кој сте му згрешиле
-
Гостиварпред 2 месеци
Објавен повик за невработени-По 6.000 евра грант за да си отворат бизнис
-
Видео емисиипред 3 месеци
Емисија „МИНУТИ ЗА СЕКОГО“ – Гостин: д-р Агим Јакупи | НАТАЛИТЕТ И ЖЕНСКО ЗДРАВЈЕ
-
Вестипред 2 месеци
Историјат на Осми март – Празник посветен на правата на жените
-
Гостиварпред 3 месеци
Баба Нада со 90 години е најстар жител на Зубовце, денес пречека добри гости во домот