Гостивар
Во Гостивар промовиран романот „Савески“ од Анастасија Лефкоска, дело со критика кон балканското општество

Во Центарот за култура „АСНОМ“ во Гостивар попладнево се одржа промоција на романот „Савески“, второ книжевно дело на младата авторка Анастасија Левкоска. Присутните на настанот имаа можност да слушнат извадоци од романот, рецензијата за ова дело, како и да ги проследат музичките изведби на Борјан Јакимоски на гитара.
„Романот претставува еден искрен, детален и критички настроен коментар упатен кон балканското општество и застарените традиционални вредности, кои повеќе гушат отколку што придонесуваат кон нормалното функционирање на единките во тоа исто општество. Во центарот за приказната го среќаваме семејството Савески, добро ситуирано семејство од Гостивар, кое однадвор изгледа среќно и поврзано, скоро совршено, но одвнатре всушност е труло и мизерно. Имено, секој од членовите е несреќен на свој начин и копнее по нешто поинакво“, наведува рецензентот, професор Марина Трпеска.
Авторката, во своето обраќање на промоцијата меѓу другото појасни дека романот е фикција, и дека ликовите и приказните не се врзани со личности од реалниот живот.
„Многумина ме прашуваа кои се тие Савески и дали тие навистина постојат, дали е инспирирано од конкретни вистински приказни. Мора да ви кажам дека семејството Савески во романот е измислено, сите имиња, ликови, приказни се измислени. Навистина има судија Савески во Гостивар, јас не знаев дека постои човекот, но ние се слушнавме и баш се насмеавме, ова дојде како една интересна ситуација, тој беше навистина коректен и поразговаравме и стварно е многу поразличен човек од оној во книгата, апсолутно нема никаква врска. Инаку, романот е напишан со макотрпна работа. И сега на промоцијата, иако сум писател не можам да опишам како се чувствувам во моментот…Тоа е неописливо, кога ќе го видите сопственото име на корица испечатено.“, кажа Лефкоска.
Извадач на книгата е Центарот за култура, а проектот е реализиран со поддршка на ресорното Министерство.
Лефкоска е студент на четврта година на Филолошкиот факултет „Блаже Конески“, при Катедрата за англиски јазик и книжевност. Со пишување се занимава од најрана возраст. Во 2019-та година ја издаде новелата „Сѐ она што никогаш не можев да ти го кажам” за која доби „Признание за афирмација на македонскиот јазик и литература” од здружението за книжевен развој НОВ ВАВИЛОН – БИТОЛА. Има освоено прво место за есеј на државно ниво на конкурс од страна на УСАИД, „Златна Плакета” за поетска творба од Меѓународната манифестација „Вилијам Шекспир” и др.
-
Македонијапред 3 месеци
УЈП со најнова листа на должници – Фирми и граѓани должат над 140 милиони евра на државата
-
Гостиварпред 3 месеци
Девизниот курс денес според приватните менувачници во Гостивар и НБРМ
-
Гостиварпред 3 месеци
Украинка приведена во Гостивар
-
Гостиварпред 3 месеци
Девојка пријавила дека била обљубена во стан во Гостивар
-
Гостиварпред 3 месеци
Кафулињата, рестораните, пицериите во Гостивар со 2 часа плус работно време летово
-
Гостиварпред 3 месеци
Екипи расчистуваат низ Гостивар по поројниот дожд со силен ветер
-
Гостиварпред 3 месеци
На општинската зграда, училиштата, градинките во Гостивар ќе се поставуваат соларни панели, почна процедура за концесионерство
-
Што, како, каде?!пред 3 месеци
Отворена нова современа Авто школа во Гостивар „ДЕЛТА“: Да го подигнеме нивото на работа во обука на возачи!