Поврзи се со нас

Вести

Во тетовско-гостиварскиот регион лани фатени над 1.900 „диви“ возачи, голем број од нив биле малолетници

Објавено

на

 

Во текот на 2017 година, на подрачјето на Секторот за внатрешни работи Тетово, во кое спаѓа поширокиот тетовско-гостиварски регион, биле откриени 1.908 лица кои управувале моторни возила без положен испит и валидна возачка дозвола. Во просек, месечно биле откривани по 150 „диви“ возачи, односно по најмалку пет дневно.
„Најголем број од нив управувале патнички возила, но и комбиња, камиони и минибуси. Дел  од нив биле и учесници во јавниот превоз на патници. Најчесто, станува збор за помлади лица на возраст од 15, 16 до 35-40 години. Меѓу нив и такви кои го повторувале прекршокот“, информира СВР.
Минатата година, биле откриени и 1.279 возачи-почетници, кои не се придржувале кон законски предвидените ограничувања за оваа категорија учесници во сообраќајот, односно управувале возила со поголема моќност или без придружник.
Во текот на 2017 година биле откриени и санкционирани 1.518 лица кои управувале возила со истечена регистрација, до и над 30 денови. Тие се соочиле со казна од 100 до 500 евра.
Секторот за внатрешни работи Тетово најавува дека и годинава ќе продолжи со засилени контроли во чие средиште ќе бидат возачите кои управуваат моторни возила без возачки дозволи, возачите –почетници кои не се придржуваат на законските ограничувања и возачите кои управуваат нерегистрирани возила. Засилени контроли се најавуваат и за откривање на возачи кои возат пребрзо, особено на оние кои вршат јавен превоз.

Сподели ја веста:
Остави коментар

Оставете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Advertisement
Advertisement

Маркетинг

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Огласи за вработување:

ПАРЛАМЕНТАРНИ ИЗБОРИ 2024пред 7 часа

Митинг на ВМРО-ДПМНЕ во Гостивар: „Сплотени да и‘ го зададеме последниот удар на оваа криминална власт“

Македонијапред 10 часа

Кое е значењето на велигденското јајце и зошто е земено за симбол на Христовото Воскресение

Гостиварпред 11 часа

Две пријави за каснување од бездомни кучиња во Гостивар

Македонијапред 13 часа

Осигурувањето за регистрација на возилата се враќа по стара цена

Гостиварпред 14 часа

Инцидент на патот Гостивар-Кичево

Македонијапред 15 часа

Велигденско послание на г.г. Стефан: Незаодната светлина од Велигден да не‘ поврзе сите Македонци во богољубието, братољубието и родољубието

Гостиварпред 16 часа

Излетал од пат четирицикл во Галичник, повредени девојка и момче

Македонијапред 17 часа

Се исплаќа априлската социјална помош

Бизниспред 18 часа

ИНОВАЦИЈА НА КОМПАНИЈАТА АСИНУС- ГОСТИВАР: Складирање на свежо овошје со био турбо технологија во нов погон во Македонски Брод

Гостиварпред 1 месец

Света архијерејска Василиева литургија во Гостивар со гости од Србија и чин на ракоположување

Гостиварпред 2 месеци

Со љубов и почит кон корените – „Танец“ одржа концерт во Гостивар

Гостиварпред 3 месеци

Водици 2024 Гостивар: Осветени водите на Вардар – Бог се јави, Навистина се јави!

Гостиварпред 4 месеци

Ангелчињата во Гостивар го најавија Христовото раѓање-Бадникова поворка 2024

Спортпред 5 месеци

По првиот круг од сезоната КК Гостивар „виси“ на 8-та позиција на табелата

Спортпред 5 месеци

Кехинде од пенал му пресуди на Македонија Ѓорче Петров 1-0

Гостиварпред 8 месеци

Стефановски: Гостивар одличен како домаќин и публика, благодариме од срце!

Спортпред 8 месеци

ФК Гостивар загуби на домашен терен од Силекс 1-2

Гостиварпред 9 месеци

Осветена црквата „Св.Климент Охридски“ во Пожаране: Да го чуваме православието, секој храм е парче небо на земјата!

Advertisement

Популарно изминативе 100 дена