Поврзи се со нас

Македонија

Вработените во Шумско ќе го радикализираат протестот! Немаат плати, теренски додатоци…

Објавено

на

Сојузот на синдикати на Македонија (ССМ) апелира менаџментот на ЈП „Национални шуми“ и Владата да не поигруваат со судбината на 1.800-те вработени во јавното претпријатие и да им обезбедат плата во спротивно најавува радикализирање на протестот и негово префрлање пред Владата.

-Денес 30 подружници од цела Република се собраа пред ЈП „Национални шуми“ да го изразат своето раководство бидејќи втор месец немаат плата. Не се проблем само платите, туку и теренскиот додаток што не е исплатен, а се тераат луѓето да одат на работа. Во меѓувреме во претпријатието има штрајк, луѓето се на своите работни места и не ги извршуваат задачите, бидејќи се гневни на менаџментот, директорот и нивните раководители, како и на сите претставници од власта зашто сите земаат за 80 отсто зголемени плати, а тие втор месец не земаат. Веќе третиот месец тече и доколку денеска има една исплатена плата повторно ќе немаат здравствено осигурување, изјави претседателот на Синдикатот за градежништво, индустрија и проектирање (СГИП) Иван Пешевски на денешниот протест пред дирекцијата на ЈП „Национални шуми“ и додаде дека целиот проблем е во претставниците на власта и на менаџментот.

Како што кажа, ставот на менаџментот на јавното претпријатие е дека зимскиот период секогаш е тежок и праша доколку е тежок како можеа во тој период да набават нови возила и да потрошат милионски суми, а да не обезбедат плата за вработените.

Посочи дека пред избори во претпријатието биле вработени 355 лица заради кои, како што рече, сите 1.800 вработени не може да земат плата. Ги повика сите претставници на власта и на политичките партии кога одат по градовите во рамките на изборната кампања да ги прашаат луѓето за нивните проблеми, а не да кажуваат што ќе направат или што не направиле тие пред нив. Ако продолжат вака, потенцира, нема да дочекаат да има народ на избори.

-На работникот во Македонија му е згорчено од политика и од сето она што го живее секојдневно и оди на работа за плата и за додатоци на плата. Срамно е во 21. век да се молиме за плата за месеци кои луѓето ги изработиле. Ако се прашуваат некои или кажуваат дека има лопови во Национални шуми, јас од тука  им кажувам дека лоповите се во дирекција и во фотелји, лоповите не се ни сеча, ни дотур, ни сите шумари кои и онака земаат мизерни плати, рече Пешевски и посочи дека во претпријатието не треба да има сезонски вработувања од 10 месеци годишно, туку вработените треба да работат 12 месеци, да земаат плата и да им бидат платени придонеси.

Најави дека планираат во следните денови да го радикализираат протестот пред Влада и да го заокружат и 1 Мај како Меѓународен ден на трудот. Во следните денови, како што кажа, ќе бидат се побројни и погласни, а особено вработените во јавниот сектор, бидејќи, посочи, „врие и во Паркови и зеленило, во Комунално, во Водовод, Водостопанство, Македонски пошти, кај културните работници каде има мизерни плати“.

Маркетинг

Advertisement
Advertisement

Огласи за вработување:

Здравје и убавинапред 10 минути

Шест причини зошто пешачењето после вечера е добро

Вестипред 3 часа

Захарова: Русија ќе нападне британски цели доколку британското оружје го употреби Украина за удар на руска територија

Македонијапред 4 часа

Повеќе можни кандидати за претседател на СДСМ по оставката на Ковачевски

Гостиварпред 5 часа

Обновен и разубавен натписот Гостивар во градскиот парк

Гостиварпред 6 часа

Конференција во Гостивар: Треба да се направи се‘ за младите да останат тука

Гостиварпред 8 часа

Болница Гостивар-Пуштено во употреба обновеното невропсихијатриско одделение

Гостиварпред 9 часа

Инцидент во угостителски објект во Гостивар

Спортпред 10 часа

Аталанта го совлада Баер Леверкузен и ја освои Лигата на Европа

Здравје и убавинапред 12 часа

Висок крвен притисок – Тивок, а опасен непријател на здравјето

Гостиварпред 4 недели

Физички напади и групна тепачка вчера во Гостивар

Гостиварпред 3 недели

Поради дефекти прекин во водоснабдувањето во дел од Гостивар и Бањица

Гостиварпред 2 недели

Вечен помен и слава! Девет години од смртта на хероите Горан и Ненад

Гостиварпред 3 недели

Напад на малолетник во угостителски објект во Гостивар

Претседателски избори 2024пред 4 недели

Резултати за Врапчиште со обработени 92% од избирачките места

Македонијапред 2 недели

9 мај – Ден на победата над фашизмот

Гостиварпред 4 недели

Фолклорот и традицијата во Гостивар како предвесници на празничната велигденска атмосфера

Претседателски избори 2024пред 4 недели

Резултати од ДИК за гласањето во Гостивар со обработени 69% од избирачките места

Гостиварпред 4 недели

Прва награда на државно ниво за тим од гимназија Гостивар, измислија иновативен прочистувач на воздух

Гостиварпред 2 месеци

Света архијерејска Василиева литургија во Гостивар со гости од Србија и чин на ракоположување

Гостиварпред 2 месеци

Со љубов и почит кон корените – „Танец“ одржа концерт во Гостивар

Гостиварпред 4 месеци

Водици 2024 Гостивар: Осветени водите на Вардар – Бог се јави, Навистина се јави!

Гостиварпред 5 месеци

Ангелчињата во Гостивар го најавија Христовото раѓање-Бадникова поворка 2024

Спортпред 6 месеци

По првиот круг од сезоната КК Гостивар „виси“ на 8-та позиција на табелата

Спортпред 6 месеци

Кехинде од пенал му пресуди на Македонија Ѓорче Петров 1-0

Гостиварпред 9 месеци

Стефановски: Гостивар одличен како домаќин и публика, благодариме од срце!

Спортпред 9 месеци

ФК Гостивар загуби на домашен терен од Силекс 1-2

Гостиварпред 10 месеци

Осветена црквата „Св.Климент Охридски“ во Пожаране: Да го чуваме православието, секој храм е парче небо на земјата!

Advertisement

Популарно изминативе 100 дена