Претседателски избори 2024
За гласање утре во Гостивар пријавени 129 болни и немоќни, во Врапчиште 30

Општинската изборна комисија (ОИК) на Гостивар ги финализира подготовките и процедурите за спроведување на првиот круг од Претседателските избори 2024. Утре (23 април) ќе се спроведе гласањето на болни и изнемоштени лица во нивните домови, а со избирачките одбори ќе се изврши и примопредавање на избирачките материјали.
Според информациите од ОИК, во Гостивар за гласање пријавени се 129 болни и немоќни.
„Во предвидениот рок, до нас беа доставени 153 барања за гласање на болни и немоќни. Од нив прифатени се 129, на кои ќе им се овозможи утре да го оставарат правото на глас во домовите.“, рече Ајше Османи од ОИК Гостивар.
Според податоците од ОИК, во избирачкиот список на Општина Гостивар запишани се 81.517 граѓани. Гласањето ќе се спроведува на 121 избирачко место.
Во Општина Врапчиште за гласање утре пријавени се 30 болни и немоќни, колкушто и биле доставени барања, инфорираа од тамошната општинска комисија. Право на глас на изборите на 24 април имаат 26.778 лица, кои се распоредени за гласање на 39 избирачки места.
-
Гостиварпред 3 месеци
Се потсетуваме, најсреќните на Водици во Гостивар кои го извадија крстот од Вардар
-
Гостиварпред 2 месеци
Распоред на свештеници за Задушница во Гостивар
-
Гостиварпред 3 месеци
Празникот Водици во Вруток прославен традиционално со уникатни обичаи
-
Што, како, каде?!пред 3 недели
Во Гостивар отворен нов салон за убавина „Beauty Room Stella“ – Жените го заслужуваат најдоброто!
-
Гостиварпред 3 месеци
Гостивар-Девојче и момче ноќеска паднале во бессознание по пиење алкохол во дискотека
-
Гостиварпред 3 месеци
Фатено лице при кражба во манастирот Свето Преображение во Гостивар
-
ФОТО ВЕСТпред 2 месеци
ФОТО ВЕСТ: Гостиварските советници ги обоија дланките како симболична поддршка за лицата со ретки болести
-
Здравје и убавинапред 3 месеци
Како да го победите постојаното чувство на глад?