Поврзи се со нас

ИЗБОРИ 2024

Заклучен Избирачкиот список-За претседателските избори запишани 1.814.317 гласачи, за парламентарните 1.815.350

Објавено

на

За изборите за претседател на државата што ќе се одржат на 24 април запишани се 1.814.317 избирачи, додека за парламентарните избори закажани за 8 мај запишани се вкупно 1.815.350 избирачи во Избирачкиот список, информираа од Државната изборна комисија (ДИК).

Државната изборна комисија денеска на седница го заклучи Избирачкиот список за спроведување на претседателските и парламентарните избори.

Во избирачките места со помалку од десет избирачи, гласањето ќе се спроведе во најблиското избирачко место со запишани над 10 гласачи.

Како што посочи во своето излагање потпретседателка на ДИК Дитмире Шеху, за претседателките избори запишани во Избирачкиот список се 1.814.317 избирачи. Од нив, во изводите од Избирачкиот список за гласање во државата се запишани 1.713.758 избирачи.

Како што посочи Шеху, во посебниот извод од Избирачкиот список за лицата кои согласно евиденцијата на надлежен орган се на привремена работа или престој во странство, а не поднеле пријава за гласање во дипломатско конзуларните претставништва или конзуларни канцеларии, се запишани 95.116 избирачи. Во посебниот извод од Избирачкиот список за лица кои поднеле пријава за гласање во дипломатско конзуларните претставништва или конзуларни канцеларии се запишани 2.569 избирачи.

Во посебниот извод од Избирачкиот список за лица кои за време на изборите се наоѓаат на издржување казна затвор или се во притвор, запишани се 2.147 избирачи.

Запишани се и 534 избирачи, кои поднеле пријава за гласање, во посебниот извод од Избирачкиот список за лица кои за време на изборите се наоѓаат во установи за вон семејно згрижување.

Во посебниот извод од Избирачкиот список за лица кои согласно евиденцијата на Министерството за труд и социјална политика се со статус на внатрешно раселени лица се запишани два избирачи.

Во посебниот извод од Избирачкиот список за лица членови и заменик членови на избирачките одбори кои ќе спроведат гласање во дипломатско конзуларните претставништва или конзуларни канцеларии се запишани 191 избирачи.

За изборите за избор на пратеници во Собранието, кои ќе се одржат на 8 мај оваа година, вкупен број на гласачи запишани во Избирачкиот список се 1.815.350. Од нив, како што појасни потпретседателката на ДИК, во изводите од Избирачкиот список за гласање во државата се запишани 1.716.664 избирачи. Во посебниот извод од Избирачкиот список за лица кои согласно евиденцијата на надлежен орган се на привремена работа или престој во странство се запишани 96.010 избирачи.

Во посебниот извод од Избирачкиот список за лица кои за време на изборите се наоѓаат на издржување казна затвор или се во притвор се запишани 2.140 избирачи. Во посебниот извод од Избирачкиот список за лица кои за време на изборите се наоѓаат во установи за вон семејно згрижување, а кои поднеле пријава за гласање во установата во која се згрижени се запишани 534 избирачи. Во посебниот извод од Избирачкиот список за лица кои согласно евиденцијата на Министерството за труд и социјална политика се со статус на внатрешно раселени лица се запишани два избирачи.

Сподели ја веста:
Advertisement
Advertisement

Маркетинг

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Огласи за вработување:

Здравје и убавинапред 14 часа

Без прејадување за Велигден! После постот, обилна храна е шок за организмот

Гостиварпред 15 часа

Во ОВР Гостивар пријавена закана со пиштол поради расправија за паркинг

Гостиварпред 18 часа

Почитувана традиција – Поклонување и поминување под Плаштеницата во храмот „Успение на Пресвета Богородица“ во Гостивар

ИЗБОРИ 2024пред 20 часа

Нешковска: Манастирот Св. Преображение Христово, еден од најубавите бисери во Гостивар

Вестипред 20 часа

Ден на слободата на медумите – Mакедонските новинари со потпросечни плати и се уште изложени на закани и напади

Гостиварпред 22 часа

Фатена жена при кражба во дуќан во Гостивар

Гостиварпред 23 часа

Викенд временска прогноза

Гостиварпред 24 часа

Прекин на водата во дел од Дутлок поради дефект на водоводна линија

Вестипред 1 ден

Велики петок, ден на Христовите страданија, најтажен за христијанството

Гостиварпред 1 месец

Света архијерејска Василиева литургија во Гостивар со гости од Србија и чин на ракоположување

Гостиварпред 2 месеци

Со љубов и почит кон корените – „Танец“ одржа концерт во Гостивар

Гостиварпред 4 месеци

Водици 2024 Гостивар: Осветени водите на Вардар – Бог се јави, Навистина се јави!

Гостиварпред 4 месеци

Ангелчињата во Гостивар го најавија Христовото раѓање-Бадникова поворка 2024

Спортпред 5 месеци

По првиот круг од сезоната КК Гостивар „виси“ на 8-та позиција на табелата

Спортпред 5 месеци

Кехинде од пенал му пресуди на Македонија Ѓорче Петров 1-0

Гостиварпред 8 месеци

Стефановски: Гостивар одличен како домаќин и публика, благодариме од срце!

Спортпред 8 месеци

ФК Гостивар загуби на домашен терен од Силекс 1-2

Гостиварпред 9 месеци

Осветена црквата „Св.Климент Охридски“ во Пожаране: Да го чуваме православието, секој храм е парче небо на земјата!

Advertisement

Популарно изминативе 100 дена