Поврзи се со нас

Гостивар

Запознајте го Давид од Гостивар, најмалиот железничар на светот

Објавено

на

Со железничарска капа на главата и знак за сигнализација, 4 и пол годишниот Давид Петкоски од Гостивар, секоја вечер во 18 часот задолжително е на градската железичка станицата и го чека возот кој од Скопје преку Гостивар продолжува кон Кичево. Железничарите веќе многу добро го познаваат и го направиле свој колега. Му подариле капа и знак со кој заедно со нив му сигнализира на возот за застанување и тргнување на станицата. Давид е најмалиот железничар на светот, а станицата му е најомиленото место кадешто ужива детски искрено, бескрајно.

„Многу ги сакам возовите затоа што се многу брзи. Возот на станицата доаѓа од кривината и знам дека веќе е блиску, кога ќе ја слушнам сирената. Најинтересно ми е кога му покажувам да застане и после да тргне. Кога ќе пораснам сакам да имам мој воз и да го возам. Дедо Мраз сакам да ми донесе пакетче, а може и некој воз“, ни рече Давид, со кого се дружевме една вечер додека беше на „работното место“ на станицата.

Овој ритуал да ја посети железничката станица и да му даде стоп и старт на возот за Давид трае околу една година. Колку и да се зафатени, какви и да се обврските и без оглед на временските прилики родителите мора да најдат време да го донесат покрај пругата или пак да ги ангажираат дедовците и вујкото за тоа.

„Љубовта кон возовите му се роди спонтано, веројатно најпрво од играчките возови кои ги има многу, цела колекција, ужива со возовите. Пред една година, имаше желба да патува со воз и го замоли мојот свекор да му ја исполни, па така заедно патуваа со возот од Гостивар до Кичево. Од тогаш, секоја вечер мора да биде на станица за да го пречека возот, и потоа да го испрати. Сите овде веќе го познаваат. Железничарите, а и машиновозачите го викаат колега“, вели неговата мајка Евица.

Верувале или не, Давид од колегите железничари деновиве доби и прва плата, која решил да ја штеди. Најмалиот железничар на светот ни рече дека ќе продолжи да доаѓа на станицата секоја вечер, а еден ден ќе си го исполни сонот и ќе вози свој воз.

Сподели ја веста:
Advertisement
Advertisement

Маркетинг

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Огласи за вработување:

Здравје и убавинапред 13 часа

Без прејадување за Велигден! После постот, обилна храна е шок за организмот

Гостиварпред 15 часа

Во ОВР Гостивар пријавена закана со пиштол поради расправија за паркинг

Гостиварпред 17 часа

Почитувана традиција – Поклонување и поминување под Плаштеницата во храмот „Успение на Пресвета Богородица“ во Гостивар

ИЗБОРИ 2024пред 19 часа

Нешковска: Манастирот Св. Преображение Христово, еден од најубавите бисери во Гостивар

Вестипред 20 часа

Ден на слободата на медумите – Mакедонските новинари со потпросечни плати и се уште изложени на закани и напади

Гостиварпред 21 час

Фатена жена при кражба во дуќан во Гостивар

Гостиварпред 22 часа

Викенд временска прогноза

Гостиварпред 23 часа

Прекин на водата во дел од Дутлок поради дефект на водоводна линија

Вестипред 1 ден

Велики петок, ден на Христовите страданија, најтажен за христијанството

Гостиварпред 1 месец

Света архијерејска Василиева литургија во Гостивар со гости од Србија и чин на ракоположување

Гостиварпред 2 месеци

Со љубов и почит кон корените – „Танец“ одржа концерт во Гостивар

Гостиварпред 4 месеци

Водици 2024 Гостивар: Осветени водите на Вардар – Бог се јави, Навистина се јави!

Гостиварпред 4 месеци

Ангелчињата во Гостивар го најавија Христовото раѓање-Бадникова поворка 2024

Спортпред 5 месеци

По првиот круг од сезоната КК Гостивар „виси“ на 8-та позиција на табелата

Спортпред 5 месеци

Кехинде од пенал му пресуди на Македонија Ѓорче Петров 1-0

Гостиварпред 8 месеци

Стефановски: Гостивар одличен како домаќин и публика, благодариме од срце!

Спортпред 8 месеци

ФК Гостивар загуби на домашен терен од Силекс 1-2

Гостиварпред 9 месеци

Осветена црквата „Св.Климент Охридски“ во Пожаране: Да го чуваме православието, секој храм е парче небо на земјата!

Advertisement

Популарно изминативе 100 дена