Гостивар
Завршен настан од Летната школа во Гостивар – Среќни деца, задоволни ментори

Со завршна манифестација која се одржа во малиот парк до општината, денес се означи крајот на Летната школа 2022 во Гостивар. На настанот присуствуваа децата учесници во активностите, менторите и Општина Гостивар, како организатор.
Во рамки на школата, изминатите два месеци околу 740 основци од гостиварските училишта бесплатно се вклучија во курсеви за изучување странски јазици, компјутери, шах, спорт, уметност, музика, архитектура, планинарење итн.
„Велат дека за разни активности требаат пари, но оваа летна школа покажа дека понекогаш е доволно само добра воља и добра идеја. Идејата на еден граѓанин, заедно со секторот за образование, успеавме да ја реализираме. Многу деца, благодарение на менторите, наместо да седат на телефони или да шетаат низ улици, научија нешто корисно. Откривме нови таленти, гледаме добри архитекти, кои направиле и нов урбанистички план за Гостивар, шахисти, гимнастичари, добри уметници , пејачи, деца кои научиле германски, англиски, програмирање компјутери. Би сакал уште еднаш да им се заблагодарам на сите ментори, кои без никаква материјална надомест работеа со децата.“, истакна градоначалникот Арбен Таравари, кој во оваа прилика им додели благодарници на менторите.
Манифестацијата беше збогатена со музички изведби на младата гостиварка Лина Демири, а свој настап имаше и нејзиниот ментор, Ардит Стафаи.
Присутните, исто така имаа можност да погледнат изложба на уметнички дела создадени од учениците во текот на школата, како и хартиени макети на Гостивар.
Претходно, на сите деца кои учествуваа во Летната школа им беа доделени благодарници. Од локалната самоуправа изразија надеж дека школата ќе прерасне во традиција.
-
Гостиварпред 3 месеци
Храбра во борбата со рак, Рената од Гостивар споделува за голготата, болката, сомнежите, надежта…
-
Гостиварпред 3 месеци
Притвор за 30 годишник од Гостивар, снимал сексуални односи со девојче и видеата ги чувал во телефон за да ги споделува
-
Гостиварпред 3 месеци
Несреќа во Гостивар: Со „бмв“ удрил во пешак, па во ограда и куќа
-
Гостиварпред 2 месеци
(Видео) Мечка ноќеска се симна во Жировница-Отстрел ќе нема, одобрени превентивни мерки
-
видео емисиипред 3 месеци
Емисија „МИНУТИ ЗА СЕКОГО“ – Гостин Велко Бобароски | Дијабетес
-
Гостиварпред 3 месеци
Убиени се мечка и две мали мечиња во Жировница
-
Гостиварпред 3 месеци
Нарушен јавен ред и мир во болницата во Гостивар, приведен е маж
-
Гостиварпред 3 месеци
Утрово уапсен гостиварец за обљуба врз девојче