Рецепти
Зимски ручек: Кисела зелка со макарони и колбаси
Киселата зелка традиционално е доста застапена на нашите трпези преку зимскиот период. Најчесто се користи за подготовка на сарми и подварок, или како салата, но има и други вкусни јадења во кои може да ја искористите, како на пример овој не така секојдневен рецепт, со макарони и колбаси.
Состојки:
макарони – 500 гр
1 помала кисела зелка
1 праз
колбаси – 300 гр.
масло, сол, бибер
Подготовка:
Најпрво испржете го празот во масло, по неколку минути додадете ја исечканата кисела зелка. Динстајте 15 минути, а потоа исечете ги колбасите на тркалца и додадете ги во зелката. Гответе уште 10 минути, зачинете со сол и бибер и потоа ставете ја смесата во длабок плех. Сварете ги макароните и додадете ги во плехот, по што добро измешајте се‘.
Прелијте го јадењето со 300-400 мл. врела вода и печете во рерна на 200 степени околу 20 минути.
-
Гостиварпред 19 часа
Се потсетуваме, најсреќните на Водици во Гостивар кои го извадија крстот од Вардар
-
Гостиварпред 3 месеци
Инцидент во маркет во Гостивар
-
Македонијапред 2 месеци
Невработените со можност за бесплатни обуки и полагање за возачки дозволи за камион и автобус
-
Светпред 3 месеци
Во Словенија нови правила за странци за постојан и привремен престој
-
Гостиварпред 2 месеци
ПАТЕПИС: Во прегратките на Кораб – Светилиштата како вечност
-
Вестипред 2 месеци
УЈП со важно известување за корисниците на МојДДВ
-
Рецептипред 3 месеци
Домашна кремаста пилешка паштета – брз и едноставен рецепт
-
Гостиарскипред 3 месеци
Гостиварецот Деан Поповски победник во уникатното голф дерби во Белград