Здравје и убавина
Зошто е корисно редовно да се консумира киселото млеко?

Киселото млеко е богато со хранливи материи кои се наоѓаат и во обичното млеко, но неговата особеност и предност е што вредноста на овие состојки се зголемува преку процесот на ферментација. Киселото млеко не е само ризница на протеини и липиди, туку и бројни витамини и добри бактерии.
Киселото млеко ги содржи и следниве хранливи материи:
- протеини (вклучувајќи казеин)
- масти (липиди, вклучително и компоненти на мембраната на млечните маснотии – најкорисните липиди)
- минерали и други микронутриенти (особено калциум, магнезиум и калиум)
- витамини (вклучувајќи К1 и К2).
Намалување на холестеролот, придобивки за имунитетот на бебето…
Сите овие состојки го прават киселото млеко исклучително високо со хранлива вредност. На пример, во 100 g кисело млеко има повеќе од 3 g протеини. Концентрацијата на добри липиди и протеини е пет пати поголема отколку во обичното млеко. Овие состојки, покрај другите молекули, содржат и фосфолипиди и сфинголипиди, кои според истражувањата се одлични за намалување на холестеролот.
Имаат и антиинфламаторно дејство и позитивно делуваат на нервниот систем. Протеините и добрите липиди имаат способност да го подобрат имунолошкиот систем на новороденчето, поради нивните антиоксидантни и антимикробни својства.
Богати со пробиотици: Киселото млеко го подобрува варењето
Киселото млеко добива дополнителни придобивки од ферментацијата, кои првенствено се однесуваат на пробиотиците. Имено, разни дополнителни пробиотски култури го збогатуваат киселото млеко и ги засилуваат неговите корисни својства. Пробиотиците се неопходни за подобро дигестивно здравје, пофункционално варење и стабилност на цревната флора. Познато е дека тајната на силниот имунитет е во цревата и дека за тоа се одговорни нашите добри бактерии во цревата.
Тука лежи најважниот одговор за тоа дали киселото млеко е безбедно за секојдневно консумирање. Имено, само ако го јадеме секојдневно, но во умерени количини, можеме да влијаеме на стабилизирање на процесот на варење.
Ниска содржина на лактоза и малку калории
Лактозата е природен шеќер кој се наоѓа во млекото и млечните производи. Нетолеранција на лактоза се јавува кога ни недостасува ензимот лактаза, без кој не можеме целосно да ја разградиме лактозата. Симптомите на нетолеранција на лактоза се: гасови, болки во стомакот, надуеност и дијареа.
Киселото млеко содржи лактоза, но во неспоредливо помали количини од обичното млеко и повеќето преработени производи. Исто така, пробиотските бактерии во киселото млеко помагаат во разградување на лактозата, што може да го намали ризикот од алергиски реакции. Чувството може да биде индивидуално, во зависност од степенот до кој некому му недостига лактаза, па некои луѓе кои се нетолерантни на лактоза ќе можат без проблем да консумираат кисело млеко, додека други ќе почувствуваат мала непријатност.
Во споредба со сирењето, путерот, маргаринот или некои полномасни видови јогурт, киселото млеко има значително помалку калории. Производот со помала содржина на маснотии е добар за луѓе со прекумерна тежина или за тие кои што се на некој режим на исхрана.
-
Гостиварпред 3 месеци
Распоред на свештеници за Задушница во Гостивар
-
Што, како, каде?!пред 1 месец
Во Гостивар отворен нов салон за убавина „Beauty Room Stella“ – Жените го заслужуваат најдоброто!
-
ФОТО ВЕСТпред 2 месеци
ФОТО ВЕСТ: Гостиварските советници ги обоија дланките како симболична поддршка за лицата со ретки болести
-
Македонијапред 3 дена
9 мај – Ден на победата над фашизмот
-
Македонијапред 3 месеци
Месецов исплата на парите од МојДДВ за период октомври-декември 2024
-
Македонијапред 4 недели
Православен празник Цветници, предвесник на Велигден
-
Гостиварпред 3 месеци
Бесник Зеќири стапи на функцијата директор на болницата во Гостивар
-
Македонијапред 4 недели
Денеска е Лазарова сабота во спомен на чудесното воскресение на Лазар извршено до Исус Христос