Поврзи се со нас

Гостивар

10 фирми од Гостивар ги оставиле работниците без плати, а добиле државна помош

Објавено

на

Директорката на Управата за јавни приходи Сања Лукаревска на денешната прес конференција, ја информираше јавноста за искористеноста на мерката финансиска поддршка за исплата на плати за ноември 2020 година.
За ноември на 13.178 работодавачи е исплатено вкупно 1.028.448,344 денари, за вкупно 65.960 вработени. 245 работодавачи кои примиле финансиска поддршка во износ од 12.208.833 денари, не ја исполниле обврската за исплата на плата за 782 вработени. Ним им се изготвени и доставени опомени. По истекот на рокот од опомената, против оние кои нема да ја исплатат платата, ќе следи спроведување на постапка на присилна наплата на платата со блокада на паричните средства на нивните трансакциски сметки и пренос на средствата на сметките на вработените лица и на уплатните сметки за јавни приходи.

„Ноемвриска плата не исплатиле а примиле финансиска поддршка се работодавачи од дејностите:43 работодавачи од дејноста Трговија на мало, 37 фирми што вршат подготовка на оброци и служење на храна и22 фирми од дејноста транспорт. По региони најмногу фирми што не исплатиле плата се од Скопје 73 фирми, Тетово 21 и Гостивар 10.“, рече Лукаревска.

Директорката информираше дека по спроведените активности на Управата за јавни приходи, намален е бројот на компаниите кои примија финансиска поддршка за исплата на октомвриската плата, а истата не ја исплатија на работниците. Овој број е намален од првичните 179 компании на 17 компании, кои за 41 вработени примиле финансиска поддршка од 641,206 денари. Кај овие компании во тек е постапка на присилна наплата на неисплатената плата од парични средства на трансакциска сметка.
По постапката за присилна наплата заради неисплатена плата за април, мај и јуни 2020 се намалува и бројот на работодавачи кои ја должат платата за овие месеци, така што со состојба на 31/12/2020 година платата сè уште не исплатиле априлска плата 50 компании за 108 вработени, плата за мај не исплатиле 38 компании за 66 вработени и јунска плата не исплатиле 64 компании за 160 вработени. Вкупниот број на компании кои сè уште не исплатиле плата за еден, за два или за сите три месеци (април, мај и/или јуни) е 125. За овие работодавачи доставени се детални податоци во Јавното обвинителство, за покренување на кривична постапка.

Сподели ја веста:

Маркетинг

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Огласи за вработување:

Гостиварпред 1 месец

Света архијерејска Василиева литургија во Гостивар со гости од Србија и чин на ракоположување

Гостиварпред 2 месеци

Со љубов и почит кон корените – „Танец“ одржа концерт во Гостивар

Гостиварпред 3 месеци

Водици 2024 Гостивар: Осветени водите на Вардар – Бог се јави, Навистина се јави!

Гостиварпред 4 месеци

Ангелчињата во Гостивар го најавија Христовото раѓање-Бадникова поворка 2024

Спортпред 5 месеци

По првиот круг од сезоната КК Гостивар „виси“ на 8-та позиција на табелата

Спортпред 5 месеци

Кехинде од пенал му пресуди на Македонија Ѓорче Петров 1-0

Гостиварпред 8 месеци

Стефановски: Гостивар одличен како домаќин и публика, благодариме од срце!

Спортпред 8 месеци

ФК Гостивар загуби на домашен терен од Силекс 1-2

Гостиварпред 9 месеци

Осветена црквата „Св.Климент Охридски“ во Пожаране: Да го чуваме православието, секој храм е парче небо на земјата!

Advertisement

Популарно изминативе 100 дена