Поврзи се со нас

Македонија

20 евра казна за неносење маска, 2.000 евра за фирмите кои нема да обезбедат заштита за вработените

Објавено

на

Уредба со законска сила за носење лична заштита на лицето заради спречување на ширењето, сузбивање на заразната болест предизвикана од коронавирусот COVID-19 и заштита на населението за време на вонредна состојба, од денеска веќе е на сила.

За непочитување на оваа уредба предвидени се и парични казни од 20 евра за физички лица, 500 евра за прекршок на секое одговорно лице во правното лице ако постапува спротивно на одредбите, па се до 2.000 евра за правните лица.

Казните нема да се изрекуваат до наредниот четврток, со цел, физичките и правните лица да имаат време да набават заштитна опрема. 

-Глоба во износ од 20 евра во денарска противвредност, ќе се изрече за прекршок на секое домашно или странско физичко лице ако постапува спротивно на одредбите од член 2 од оваа уредба со законска сила.

-Глоба во износ од 2 000 евра во денарска противвредност, ќе се изрече за прекршок на секое домашно или странско правно лице ако постапува спротивно на одредбите од член 3 од оваа уредба со законска сила.

-Глоба во износ од 500 евра во денарска противвредност, ќе се изрече за прекршок на секое одговорно лице во правното лице ако постапува спротивно на одредбите од член 3 од оваа уредба со законска сила.

Оваа уредба со законска сила се применува за време на траењето на вонредната состојба, како и до завршување на пандемијата со COVID 19 прогласена од Светската здравствена организација.

Сподели ја веста:
Остави коментар

Оставете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Advertisement
Advertisement

Маркетинг

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Огласи за вработување:

Македонијапред 48 минути

Кое е значењето на велигденското јајце и зошто е земено за симбол на Христовото Воскресение

Гостиварпред 2 часа

Две пријави за каснување од бездомни кучиња во Гостивар

Македонијапред 3 часа

Осигурувањето за регистрација на возилата се враќа по стара цена

Гостиварпред 5 часа

Инцидент на патот Гостивар-Кичево

Македонијапред 6 часа

Велигденско послание на г.г. Стефан: Незаодната светлина од Велигден да не‘ поврзе сите Македонци во богољубието, братољубието и родољубието

Гостиварпред 7 часа

Излетал од пат четирицикл во Галичник, повредени девојка и момче

Македонијапред 8 часа

Се исплаќа априлската социјална помош

Бизниспред 9 часа

ИНОВАЦИЈА НА КОМПАНИЈАТА АСИНУС- ГОСТИВАР: Складирање на свежо овошје со био турбо технологија во нов погон во Македонски Брод

Гостиварпред 10 часа

Запалено ѓубриште кај гостиварска патарина

Гостиварпред 1 месец

Света архијерејска Василиева литургија во Гостивар со гости од Србија и чин на ракоположување

Гостиварпред 2 месеци

Со љубов и почит кон корените – „Танец“ одржа концерт во Гостивар

Гостиварпред 3 месеци

Водици 2024 Гостивар: Осветени водите на Вардар – Бог се јави, Навистина се јави!

Гостиварпред 4 месеци

Ангелчињата во Гостивар го најавија Христовото раѓање-Бадникова поворка 2024

Спортпред 5 месеци

По првиот круг од сезоната КК Гостивар „виси“ на 8-та позиција на табелата

Спортпред 5 месеци

Кехинде од пенал му пресуди на Македонија Ѓорче Петров 1-0

Гостиварпред 8 месеци

Стефановски: Гостивар одличен како домаќин и публика, благодариме од срце!

Спортпред 8 месеци

ФК Гостивар загуби на домашен терен од Силекс 1-2

Гостиварпред 9 месеци

Осветена црквата „Св.Климент Охридски“ во Пожаране: Да го чуваме православието, секој храм е парче небо на земјата!

Advertisement

Популарно изминативе 100 дена