Поврзи се со нас

Гостивар

70-те социјални станови во Гостивар уште чекаат оглас и станари

Објавено

на

Зградата со социјалните станови во Гостивар и по скоро две години од завршување на градбата, се‘ уште нема станари. Објектот има поминато технички прием, но распределбата на становите за социјалците се врти во лавиринтот на административните процедури.

Најпрво мораше да се прави нова методологија за рангирање, поради измени во Законот за социјална заштита, каде беа утврдени нови категории граѓани кои ќе можат да аплицираат за стан. Потоа, заради одредени измени во тек на градбата, беше неопходно да се дополнува урбанистичката документација.

Последното одложување на доделувањето, според појаснувањето на министерот за транспорт и врски Благој Бочварски биле одредени проблеми во софтверот, преку кој електронски ќе се селектираат добитниците на станови.

„Имаше одреден проблем со распределбата преку софтверската куќа што вршеше распределба. Министерството за траснпорт и врски направи нов софтвер, заедно со стручните лица во Министерството веќе го става во функција и после тоа ќе бидат распишани повиците. Според уредбата, распределбата се врши по електронски пат преку таков софтвер. Во наредниот период ќе биде распишан повикот, и ги повикувам да го следат и да аплицираат во што е можно поголем број, затоа што во некои општини имавме случаи каде ни се пријавуваа мал број и не можевме да извршиме распределбата.“, рече Бочварски.

Министерот не даде конкретен одговор, кога конечно ќе биде објавен јавниот повик за распределба на становите. „За точно кога ќе биде објавен повикот ќе ве информираме. Секако, има рок од 60 дена граѓаните да аплицираат, да се запознаат со условите, и сето тоа да биде на транспарентен начин“, рече тој

Зградата има два влеза и 70 стана. За нив ќе може да аплицираат станбено необезбедени:деца без родители, корисници на гарантирана минимална помош, граѓани погодени од елементарни – природни непогоди, семејства со лица со попреченост, социјално загрозени припадници на Ромската заедница како и самохрани родители со малолетни деца.

Сподели ја веста:
Advertisement
Advertisement
Advertisement
Здравје и убавинапред 12 часа

Што треба да знаете ако чувате чаша со вода ноќе покрај креветот

Македонијапред 17 часа

Можно е ограничување на цените на храната

Светпред 19 часа

ТикТок во Албанија ќе биде блокиран деновиве, најави Рама

Гостиварпред 21 час

Света литургија во црквата ,,Успение на Пресвета Богородица” во Гостивар: Не осудувајте, не мразете, од срце проштевајте!

Рецептипред 22 часа

Крцкав чипс од тестенини – совршена закуска за секоја прилика

Технологијапред 2 дена

Зошто треба да е вклучен авионскиот режим на електронските уреди додека се лета со авион?

Македонијапред 2 дена

Протестен марш „Стоп за сообраќајното насилство“- Правда за Фросина

Македонијапред 2 дена

Прометот во големите маркети во четврток и петок намален за 22%

Македонијапред 2 дена

Комисијата за паричен надоместок на жртви од кривично дело со насилство доби веб страница

Гостиварпред 3 недели

Се потсетуваме, најсреќните на Водици во Гостивар кои го извадија крстот од Вардар

Гостиварпред 3 недели

Празникот Водици во Вруток прославен традиционално со уникатни обичаи

Гостиварпред 4 недели

Фатено лице при кражба во манастирот Свето Преображение во Гостивар

Магазинпред 4 недели

Зошто не треба да ги плакнете садовите пред да ги ставите во машина за миење садови?

Гостиварпред 2 недели

Општина Гостивар ќе доделува субвенции за инвертери и велосипеди

Гостиварпред 2 недели

Гостивар-Девојче и момче ноќеска паднале во бессознание по пиење алкохол во дискотека

Гостиварпред 2 недели

Калта и загадувањето во Гостивар од изградбата на Коридорот 8, тема во Локалниот совет за превенција

Гостиварпред 4 недели

Сучење на врвките за градскиот крст во Гостивар

Гостиварпред 4 недели

Да се остранат возилата на патот Маврово – Бунец преку Никифорово и Леуново, повика „Македонија пат“

Гостиварпред 3 недели

Празникот Водици во Вруток прославен традиционално со уникатни обичаи

Гостиварпред 3 недели

Осветен Вардар во Гостивар – Масовно чествување на Богојавление – Водици 2025, топлината во срцата посилна од студот!

Гостиварпред 1 месец

Бадникова поворка 2025 во Гостивар – Река од дечиња низ улиците го навестија Христовото раѓање

Гостиварпред 3 месеци

ПАТЕПИС: Во прегратките на Кораб – Светилиштата како вечност        

Гостиварпред 5 месеци

Одбележани 80 години од злосторот во Беличица-Почит за положените животи за слободна Македонија

Гостиварпред 6 месеци

Кинолошки спектакл во Мавровско, над 200 кучиња на Меѓународната CACIB 2024 изложба

Гостиварпред 11 месеци

Света архијерејска Василиева литургија во Гостивар со гости од Србија и чин на ракоположување

Гостиварпред 11 месеци

Со љубов и почит кон корените – „Танец“ одржа концерт во Гостивар

Гостиварпред 1 година

Водици 2024 Гостивар: Осветени водите на Вардар – Бог се јави, Навистина се јави!

ОГЛАСИ ЗА ВРАБОТУВАЊЕ

- Хидротермика системи ДООЕЛ Гостивар
- М-Е Систем ДООЕЛ Гостивар
- М-Е Систем ДООЕЛ Гостивар

Заследете нѐ на Facebook

следете нѐ и на телеграм

Advertisement

Следете нѐ

Популарно изминативе 100 дена