Здравје и убавина
Зачини и хранливи додатоци со кои „ќе пукате“ од здравје
Истражувачите од проектот „Здрава исхрана“ (Healthy Nutrition) посочуваат пет зачини за подобрување на здравјето и зачувување на младоста и совети како правилно да се користат.
Куркумата помага во борбата со воспалителните процеси во телото, ја подобрува функцијата на мозокот и ја намалува опасноста од рак, благодарение на куркуминот. Таа е нерастворлива во вода и има мала стапка на апсорпција. Познавачите советуваат да се додаде и црн пипер во јадењата, покрај куркумата, оти тој ја зголемува апсорпцијата на куркуминот.
Циметот има смирувачки ефект. Цејлонскиот цимет, на пр., содржи и супстанции коишто се природни антисептици.
За ѓумбирот се вели дека може да смири треска, да ублажи настинка, помага при надуеност и гадење и го подобрува варењето на храната. Сепак, ѓумбирот може да има штетно влијание за луѓе со гастроинтестинални и бубрежни проблеми. Здравиот човек може да зема четири грама ѓумбир на ден.
Лукот е природен антибиотик. Супстанцијата алицин, којашто е одговорна за неговата терапевтска функција, се распаѓа при повисока топлина. За да се извлече максимумот од лукот, треба да се јаде свеж. Една глава дневно ги спречува симптомите на настинка и го забрзува закрепнувањето по болеста.
И лутите пиперки го продолжуваат животот. Ова го докажува труд спроведен од „Чајна биобенк“. Уникатната супстанција капсаицин во пиперките го подобрува метаболизмот и го намалува нивото на холестерол во крвта.
-
Гостиварпред 2 месеци
Курсна листа на НБРМ и приватните менувачници во Гостивар
-
Македонијапред 2 месеци
Денеска е Летник
-
Македонијапред 3 месеци
Србите го слават Свети Сава – Национален празник на српската заедница во земјава
-
Македонијапред 2 месеци
Денес е Прочка – Проштевајте и побарајте прошка од оној на кој сте му згрешиле
-
Гостиварпред 2 месеци
Објавен повик за невработени-По 6.000 евра грант за да си отворат бизнис
-
Видео емисиипред 3 месеци
Емисија „МИНУТИ ЗА СЕКОГО“ – Гостин: д-р Агим Јакупи | НАТАЛИТЕТ И ЖЕНСКО ЗДРАВЈЕ
-
Вестипред 2 месеци
Историјат на Осми март – Празник посветен на правата на жените
-
Гостиварпред 3 месеци
Баба Нада со 90 години е најстар жител на Зубовце, денес пречека добри гости во домот