Поврзи се со нас

Локални избори 2022

ИЗБОРИ Маврово и Ростуше: Промени, проекти, победи-порачува кандидатот на ВМРО ДПМНЕ, Мевмед Џафери

Објавено

на

Во рамки на предизборната кампања за градоначалник на Општина Маврово и Ростуше, кандидатот на ВМРО-ДПМНЕ, Мевмед Џафери ги посетува населените места и остварува средби со граѓаните, пред кои ги претставува проектите и плановите коишто се зацртани во неговата програма.

При посетата на селата Маврово, Ниќифорово и Леуново беше придружуван од пратеничката Дафина Стојаноска.

„На отворено, пред сите, без телохранители и тајни служби… Ова се непокорените села од општина Маврово и Ростуше. Ова се Маврово, Ниќифорово и Леуново и тука жителите се за ВМРО-ДПМНЕ. Овде луѓето препознаа искрен и чесен лик во докторот Џафери и даваат силна поддршка за негова победа на 20-ти август.“, истакна Стојаноска.

Во посета на населените места Маврово и Врбен во знак на поддршка на кандидатот од редовите на ВМРО-ДПМНЕ беа и градоначалникот на Општина Ѓорче Петров Александар Стојковски и генералниот секретар на партијата Ѓорѓи Сајкоски, кој порача дека Мевмед Џафери е човек од народот и за народот.

„Општина Маврово и Ростуше ќе добие нов лик, а промените ќе значат функционална локална самоуправа која ќе биде во служба на граѓаните, голем број на инфраструктурни проекти и инвестиции кои ќе значат отворање на нови работни места.“, порача Сајкоски од Врбен.

Џафери потенцира дека како градоначалник ќе работи во интерес на граѓаните, а локалната самоуправа ќе биде ставема во нивна служба. Доаѓа време за промени, проекти и победи, порача тој.

Еден од проектите кои ги ветува е изградба на централна детска градинка, опремена со најсовремени стандарди во Ростуше, а во која ќе се згрижуваат деца и од Требиште, Велебрдо и Битуше.

Сподели ја веста:

Маркетинг

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Огласи за вработување:

Гостиварпред 1 месец

Света архијерејска Василиева литургија во Гостивар со гости од Србија и чин на ракоположување

Гостиварпред 2 месеци

Со љубов и почит кон корените – „Танец“ одржа концерт во Гостивар

Гостиварпред 3 месеци

Водици 2024 Гостивар: Осветени водите на Вардар – Бог се јави, Навистина се јави!

Гостиварпред 4 месеци

Ангелчињата во Гостивар го најавија Христовото раѓање-Бадникова поворка 2024

Спортпред 5 месеци

По првиот круг од сезоната КК Гостивар „виси“ на 8-та позиција на табелата

Спортпред 5 месеци

Кехинде од пенал му пресуди на Македонија Ѓорче Петров 1-0

Гостиварпред 8 месеци

Стефановски: Гостивар одличен како домаќин и публика, благодариме од срце!

Спортпред 8 месеци

ФК Гостивар загуби на домашен терен од Силекс 1-2

Гостиварпред 9 месеци

Осветена црквата „Св.Климент Охридски“ во Пожаране: Да го чуваме православието, секој храм е парче небо на земјата!

Advertisement

Популарно изминативе 100 дена