Спорт
Мурињо го избрка играчот кој му ја скрши ногата на Вајналдум на тренинг
Скршеницата на ногата на последното засилување на Рома, Георгини Вајналдум (31), која ја заработи на тренинг во дуел со соиграчот Феликс Охене Афена-Гјан, беше пресудна за 19-годишниот напаѓач од Гана да го напушти римскиот клуб.
Ова го одлучија раководството на клубот и тренерот Жозе Мурињо, оценувајќи дека Афена-Гјан психолошки и карактерно не одговара на она што се бара од првиот тим на Рома.
Мурињо веднаш по инцидентот им порача на клупските челници „Го отпишав овој човек, пуштете го што е можно поскоро“. Така, Афена-Гјан ќе биде продаден на новиот италијански прволигаш Кремонезе, кој ќе плати седум милиони евра.
На искусниот Вајналдум му се заканува пауза до крајот на годината, што значи дека ќе го пропушти и Светското првенство во Катар на кое требаше да оди како репрезентативец на Холандија.
На денешниот првенствен натпревар против Кремонезе кој го доби Рома со 1-0, тешко се повреди и Николо Заниоло, кој според првинчните информации ќе паузира неколку месеци.
-
Гостиварпред 2 месеци
Курсна листа на НБРМ и приватните менувачници во Гостивар
-
Македонијапред 2 месеци
Денеска е Летник
-
Македонијапред 3 месеци
Србите го слават Свети Сава – Национален празник на српската заедница во земјава
-
Македонијапред 2 месеци
Денес е Прочка – Проштевајте и побарајте прошка од оној на кој сте му згрешиле
-
Гостиварпред 2 месеци
Објавен повик за невработени-По 6.000 евра грант за да си отворат бизнис
-
Видео емисиипред 3 месеци
Емисија „МИНУТИ ЗА СЕКОГО“ – Гостин: д-р Агим Јакупи | НАТАЛИТЕТ И ЖЕНСКО ЗДРАВЈЕ
-
Вестипред 2 месеци
Историјат на Осми март – Празник посветен на правата на жените
-
Гостиварпред 3 месеци
Баба Нада со 90 години е најстар жител на Зубовце, денес пречека добри гости во домот