Македонија
Септемвриските пензии повисоки за 6,8 % – Исплатата почна денес
Со септемвриската пензија околу 330 илјади пензионери во државата добиваат повисоки пензии за 6.8 отсто, согласно новата методологија воведена со последните измени во Законот за пензиското и инвалидското осигурување, кои стапија на сила во март 2022 година.
Новата Методологија, како што појаснуваат од МТСП, предвидува усогласување на пензиите со комбиниран модел од 50 отсто пораст на просечната плата на сите вработени во државата и 50 отсто пораст на трошоци на живот, согласно официјалните податоци на Државниот завод за статистика.
Притоа, усогласувањето ќе се врши два пати во годината, односно во март и септември, според процентот кој се добива како збир на порастот на индексот на трошоци на живот во претходното полугодие и процентот на порастот на просечно исплатена плата на сите вработени во државата во однос на полугодието кое му претходи.
Усогласувањето, како што велат од МТСП, ќе ги следи промените во двата индекси. На овој начин се обезбедува постојан раст на пензиите.
Министерството за труд и социјална политика известува и дека ваквото решение односно воспоставувањето на новата методологија е направена низ дијалог со Сојузот на пензионери на Македонија и Партијата на пензионери, како претставници на нашата највозрасна категорија на граѓани во државата.
Инаку, етапната исплата на пензиите за септември почна денес.
-
Гостиварпред 2 месеци
Курсна листа на НБРМ и приватните менувачници во Гостивар
-
Македонијапред 2 месеци
Денеска е Летник
-
Македонијапред 3 месеци
Србите го слават Свети Сава – Национален празник на српската заедница во земјава
-
Македонијапред 2 месеци
Денес е Прочка – Проштевајте и побарајте прошка од оној на кој сте му згрешиле
-
Гостиварпред 2 месеци
Објавен повик за невработени-По 6.000 евра грант за да си отворат бизнис
-
Видео емисиипред 3 месеци
Емисија „МИНУТИ ЗА СЕКОГО“ – Гостин: д-р Агим Јакупи | НАТАЛИТЕТ И ЖЕНСКО ЗДРАВЈЕ
-
Вестипред 2 месеци
Историјат на Осми март – Празник посветен на правата на жените
-
Гостиварпред 3 месеци
Баба Нада со 90 години е најстар жител на Зубовце, денес пречека добри гости во домот