Поврзи се со нас

Вести

Меѓународен ден на трудот, симбол на борба за работнички права

Објавено

на

Меѓународниот ден на трудот, Први Мај се одбележува во знак на почит кон жртвите на штрајкот одржан од 1 до 4 мај 1886 во Чикаго. На овој штрајк, организиран со цел воведување на осумчасовен работен ден, била употребена сила од страна на полицијата, при што имало и жртви.

Во доцниот деветнаесети век, работничата класа била во постојана битка за осумчасовно работно време. Работните услови биле многу лоши и било вообичаено да се работи од 10 до 16 часови на ден, во небезбедни услови. Смртноста и повредите биле вообичаени на многу работни места и биле инспирација за книгите „Џунгла“ на Аптон Синклер и „Челична потпетица“ на Џек Лондон. Во 60-ите години од истиот век, работниците агитирале за пократок работен ден без кратење на платите, но тоа не се случило се до крајот на 80-ите години, кога организираниот труд собрал доволно сила за да прогласат осумчасовно работно време. Објавата била без согласност на работодавачите, но тоа го барал поголемиот дел од работничката класа.  Подоцна, организаторите на штрајкот биле изведени на суд, при што неколкумина биле и погубени, а дел осудени на затвор.

Во знак на почит кон жртвите од штрајкот во Чикаго, Втората интернационала на својот конгрес во 1889 донесе декларација со која се повикуваат работниците од целиот свет на демонстрации на 1 мај со цел подобрување на својата положба. Оттогаш, традиционално, на 1 мај секоја година во повеќе земји ширум светот се одржуваат демонстрации во знакот на одбележувањето на Меѓународниот ден на трудот.

Меѓународниот ден на трудот е државен празник во повеќе земји во светот, а во Македонија до 2006 година се празнуваше два дена, 1 и 2 мај, додека од 2007 година се празнува само 1 мај.

Маркетинг

Advertisement
Advertisement

Огласи за вработување:

Гостиварпред 6 часа

Свеченост за 24 Мај во Гостивар: Почит кон нашето културно и духовно богатство

Парламентарни избори 2024пред 10 часа

ДИК ги додели уверенијата за пратенички мандати

Македонијапред 12 часа

Јадење, пиење, облека, сметки…Мајските трошоци за семејство 60.090 денари

Македонијапред 13 часа

Велковски: Околу 9000 социјални семејства оштетени за 120 евра годишно

Македонијапред 13 часа

Метео предупредување за невреме

Гостиварпред 14 часа

Два случаи на семејно насилство вчера на подрачје на Гостивар

Македонијапред 17 часа

Македонија дел од кампања на Амбер Алерт Европа-Како да се постапи при исчезнување на дете

Гостиварпред 17 часа

Света архијерејска Литургија во бигорскиот скит во Битуше посветен на браќата Кирил и Методиј

Парламентарни избори 2024пред 18 часа

Гласаат болни, немоќни и затвореници пред утрешното прегласување за парламентарните избори во 7 избирачки места

Гостиварпред 2 месеци

Света архијерејска Василиева литургија во Гостивар со гости од Србија и чин на ракоположување

Гостиварпред 2 месеци

Со љубов и почит кон корените – „Танец“ одржа концерт во Гостивар

Гостиварпред 4 месеци

Водици 2024 Гостивар: Осветени водите на Вардар – Бог се јави, Навистина се јави!

Гостиварпред 5 месеци

Ангелчињата во Гостивар го најавија Христовото раѓање-Бадникова поворка 2024

Спортпред 5 месеци

По првиот круг од сезоната КК Гостивар „виси“ на 8-та позиција на табелата

Спортпред 5 месеци

Кехинде од пенал му пресуди на Македонија Ѓорче Петров 1-0

Гостиварпред 9 месеци

Стефановски: Гостивар одличен како домаќин и публика, благодариме од срце!

Спортпред 9 месеци

ФК Гостивар загуби на домашен терен од Силекс 1-2

Гостиварпред 10 месеци

Осветена црквата „Св.Климент Охридски“ во Пожаране: Да го чуваме православието, секој храм е парче небо на земјата!

Advertisement

Популарно изминативе 100 дена