Поврзи се со нас

Занимливости

Макијавелистичка состојба на умот

Објавено

на

За остварување на овие само-наградувачки цели, повеќето од нас  користат стратегија мило за драго,  учествувајќи во добротворни и социјални реципроцитетни активности . Сепак, постои еден мал процент од населението, познати под називот макијавелисти  кој се „подесени“да користат предавство и ниски удари за да ги исполнат нивните себични цели. Една студија објавена во списанието „Brain and Cognition“, детално го разгледува овој феномен.

Николо Макијавели e италијански писател од 16 век и дипломат, кој беше познат по измамничкиот ум и трикови. Оние со макијавелистичка состојба на умот имаат тенденција  да ги искористуваат другите во социјална ситуација за своја лична добивка. Ова се случува дури и кога тие се соочуваат со фер и соработливи лица.

Тамас Берецкеј и неговиот тим од Универзитетот во Печ  ги скенирале мозоците на луѓе кои постигнале  висок скор на скалата за макијавелизам,  додека  играле четири-фазна  игра на доверба и пари , со цел да ги следат нивните процеси на донесување одлуки за искористување на другите. Вкупно 150 учесници  со висок и низок скор , ја одиграле играта  неколку пати со различни партнери.

Очекувано , тие завршиле со повеќе пари на крајот на играта. Истражувачите ова го припишуваат  на разлика во мозочната активност.

Со користење на ФМРИ техники, кога  нивните партнери биле фер, кај  макијавелистите  е регистрирана невообичаено висока активност во мозочните области кои се вклучени во инхибицијата, вклучувајќи го и дорзолатерално префронталниот кортекс  (се наоѓа во предниот дел на мозокот), и креативноста, односно средниот темпорален гирус ( се наоѓа во близина на ушите). Ова укажува дека макијавелистите го кочат природниот  инстинкт да возвратат соодветно на  праведноста и ја контролираат секоја  емоционална реакција при одредувањето на тоа како да ги искористат предностите на нивниот партнер, во исто време.

Значи, зошто некои луѓе се себични?

Едноставно, тие се програмирани  да бидат такви. Слична студија објавена во списанието „Personality and Individual Differences “во 2012 пронајде дека макијавелистите  имаат повисока мозочна активност во споредба со контролната  група  во неколку области на мозокот. Истражувачите укажуваат  овие лица имаат одредени когнитивни и социјални вештини за прилагодување на предизвиците во  нивните социјални средини. Со други зборови,  тие се секогаш во потрага по можности за искористување на  другите луѓе.

Доколку се прашувате дали ги имате овие макијавелистички црти на личност, проверете овде.

Во соработка со Е наука

Сподели ја веста:

Маркетинг

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Огласи за вработување:

Гостиварпред 2 часа

Прва награда на државно ниво за тим од гимназија Гостивар, измислија иновативен прочистувач на воздух

Македонијапред 3 часа

Промовирана новата генерација полициски службеници, 416 мажи и 92 жени

Македонијапред 6 часа

Нови 27 случаи на голема кашлица, најмногу деца од 10 до 14 години

Македонијапред 7 часа

Околу 500 кг. ѓубре годишно по жител во Македонија

Македонијапред 8 часа

АХВ: Отповикан небезбеден сладолед, тие што го купиле да не го конзумираат и да го вратат

Македонијапред 9 часа

Во понеделник ќе се знае дали ќе поскапи осигурувањето за регистрација на возилата

Вестипред 10 часа

Денеска е Лазарова сабота во спомен на чудесното воскресение на Лазар извршено до Исус Христос

Гостиварпред 23 часа

Гостивар во слава на 5 Мај: Да ни е жив и вековит македонскиот јазик!

Македонијапред 1 ден

Денарот слави 32 роденден

Гостиварпред 1 месец

Света архијерејска Василиева литургија во Гостивар со гости од Србија и чин на ракоположување

Гостиварпред 1 месец

Со љубов и почит кон корените – „Танец“ одржа концерт во Гостивар

Гостиварпред 3 месеци

Водици 2024 Гостивар: Осветени водите на Вардар – Бог се јави, Навистина се јави!

Гостиварпред 4 месеци

Ангелчињата во Гостивар го најавија Христовото раѓање-Бадникова поворка 2024

Спортпред 5 месеци

По првиот круг од сезоната КК Гостивар „виси“ на 8-та позиција на табелата

Спортпред 5 месеци

Кехинде од пенал му пресуди на Македонија Ѓорче Петров 1-0

Гостиварпред 8 месеци

Стефановски: Гостивар одличен како домаќин и публика, благодариме од срце!

Спортпред 8 месеци

ФК Гостивар загуби на домашен терен од Силекс 1-2

Гостиварпред 9 месеци

Осветена црквата „Св.Климент Охридски“ во Пожаране: Да го чуваме православието, секој храм е парче небо на земјата!

Advertisement

Популарно изминативе 100 дена