Гостивар
Есенски пазар во ОУ „Гоце Делчев“ Гостивар:Здрава храна, хумани дечиња!
Во гостиварското основно училиште „Гоце Делчев“ во Гостивар по повод Меѓународниот ден на здравата храна, се организираше „Есенски пазар”. На посебни штандови во училишниот двор, нижите одделенија изложија прехранбени продукти и производи, домашно подготвени од учениците со помош на родителите во духот на есента, истовремено покажувајќи ја и креативноста за декорирање.
На штандовите можеа да се најдат кошнички со овошни плодови, зеленчук, украсени тегли со компот, салати, ќечап и сл.
Освен да се сврте вниманието на децата за важноста од здрава храна и здрави животни навики, настанот имаше и хуманитарен карактер, информираа организаторите. Изложените производи се продаваа по симболична цена, а дел од собраните средства ќе се донираат на Црвениот Крст, додека останатите ќе се искористат за обезбедување на одредени наставни материјали.
Покрај во централното училиште во градот, ваков настан денес се организираше и во подрачното училиште во гостиварско Тумчевиште.
-
Гостиварпред 2 месеци
Курсна листа на НБРМ и приватните менувачници во Гостивар
-
Македонијапред 1 месец
Денеска е Летник
-
Македонијапред 3 месеци
Србите го слават Свети Сава – Национален празник на српската заедница во земјава
-
Македонијапред 1 месец
Денес е Прочка – Проштевајте и побарајте прошка од оној на кој сте му згрешиле
-
Гостиварпред 2 месеци
Објавен повик за невработени-По 6.000 евра грант за да си отворат бизнис
-
Вестипред 2 месеци
Историјат на Осми март – Празник посветен на правата на жените
-
Што, како, каде?!пред 3 месеци
ШОУ: Легендарните „Солза и Смеа“ доаѓаат во Гостивар
-
Видео емисиипред 3 месеци
Емисија „МИНУТИ ЗА СЕКОГО“ – Гостин: д-р Агим Јакупи | НАТАЛИТЕТ И ЖЕНСКО ЗДРАВЈЕ