Поврзи се со нас

Македонија

Аплицирање за средношколски стипендии до 13 ноември

Објавено

на

Министерството за образование и наука ги објави конкурсите за стипендии за ученици во средно образование во учебната 2022/2023 година. Девет видови стипендии се со месечен износ од 3.500 денари и корисниците ќе ги добиваат девет месеци односно додека трае наставата. Стипендиите за ученици Роми се распределени во четири категории и се со различни износи. За сите видови стипендии може да се аплицира од денеска до 13 ноември 2022.

Илјада и петстотини стипендии се за ученци кои се запишани во паралелки во стручно образование во кои ќе се реализира практично образование со зголемен број часови, согласно програмите за стручно образование од јавните средни училишта.

Петстотини стипендии се наменети за ученици кои реализираат наставни планови и програми за стручно оспособување и стручно образование од тригодишно траење.

Ќе бидат доделени 900 стипендии за социјална поддршка на ученици во јавните средни училишта. За ученици кои се од наставни програми од угостителско-туристичката струка, електротехничка, градежно-геодетска, земјоделско-ветеринарна, машинска и текстилно-кожарска струка МОН ќе додели 240 стипендии.

За талентирани ученици спортисти се наменети 150 стипендии, за ученици со посебни потреби ќе бидат доделени 120 стипендии. Сто стипендии се за талентирани ученици од средното образование од областите на природните и техничките науки, 50 стипендии за талентирани ученици од областа на уметностите  и 50 стипендии за ученици – деца без родители.

Вкупно 920 стипендии ќе бидат доделени за средношколци Роми запишани во прва, втора, трета и четврта година. Овие стипендии се распределени во четири категории и се со различен месечен износ, од 800 до 2.200 денари.

 Во секој од конкурсите што денеска ги објави МОН се наведени условите, критериумите, потребните документи и роковите за аплицирање.

Постапката за аплицирање за стипендија е дигитализирана преку порталот e-uslugi.mon.gov.mk. Учениците кои немаат можност да аплицираат електронски, треба да пополнат хартиена пријава (евидентен лист) и да ја достават потребната документација по соодветниот конкурс во Министерството за образование и наука, директно или по пошта – препорачана пратка со повратница на адреса бул. „Св. Кирил и Методиј“ бр. 54, 1000 Скопје.

Сподели ја веста:
Advertisement

Маркетинг

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Огласи за вработување:

Македонијапред 51 минута

Како да препознаете фалсификат евро монета

Гостиварпред 2 часа

Почнува уписот на првачиња за учебната 2024/2025 година

Регионпред 7 часа

Објавени телефонски броеви за итни случаи за државјани на Македонија кои ќе летуваат во Албанија

Македонијапред 8 часа

Синдикален протест: Повисоки плати, трошоци за храна и превоз, 35-часовна работна недела…

Здравје и убавинапред 10 часа

Телото ви кажува ако прекумерно внесувате шеќер

Македонијапред 11 часа

Внимателно при палење оган на отворено, апел од ЦУК до граѓаните кои ќе прават првомајски излет во природа

Вестипред 13 часа

Меѓународен ден на трудот, симбол на борба за работнички права

Рецептипред 1 ден

Празничен рецепт – Велигденска погача за убава трпеза и вкусен залак

Македонијапред 1 ден

Меланом – најопасниот рак на кожа, може да се излечи ако се открие навреме

Гостиварпред 1 месец

Света архијерејска Василиева литургија во Гостивар со гости од Србија и чин на ракоположување

Гостиварпред 2 месеци

Со љубов и почит кон корените – „Танец“ одржа концерт во Гостивар

Гостиварпред 3 месеци

Водици 2024 Гостивар: Осветени водите на Вардар – Бог се јави, Навистина се јави!

Гостиварпред 4 месеци

Ангелчињата во Гостивар го најавија Христовото раѓање-Бадникова поворка 2024

Спортпред 5 месеци

По првиот круг од сезоната КК Гостивар „виси“ на 8-та позиција на табелата

Спортпред 5 месеци

Кехинде од пенал му пресуди на Македонија Ѓорче Петров 1-0

Гостиварпред 8 месеци

Стефановски: Гостивар одличен како домаќин и публика, благодариме од срце!

Спортпред 8 месеци

ФК Гостивар загуби на домашен терен од Силекс 1-2

Гостиварпред 9 месеци

Осветена црквата „Св.Климент Охридски“ во Пожаране: Да го чуваме православието, секој храм е парче небо на земјата!

Advertisement

Популарно изминативе 100 дена