Гостивар
Евроамбасадорот Гир во Гостивар: Овде сме да дискутираме, слушаме и научиме!
ЕУ ќе биде покрај вас, ќе ве поддржи во пристапниот процес, ги охрабруваме сите да ги искористат своите можности да придонесат за позитивни реформи на патот на Северна Македонија до Европската Унија, порача од Гостивар, шефот на Делегацијата на ЕУ, Дејвид Гир.
Евроамбасадорот е во целодневна посета на Гостивар во рамки на кампањата „ЕУ со тебе”. Претпладнето го помина на средба со градоначалникот, Арбен Таравари и членовите на општинскиот Совет.
„Преговорите за пристапување на Северна Макденија во ЕУ сега се отворени и ја почнавме фазата на скрининг. Една од целите на оваа посета е да објасниме што тоа значи во пракса, какви чекори се преземаат, кој е патот по кој ќе одиме, да размениме мислења и ставови со граѓаните, советниците и локалната самоуправа. Да потсетиме дека околу 70% од одговорноста за имплементација на законите кои ќе бидат хармонизирани со закодавството на ЕУ паѓа врз плеќите на општините. Друга цел е да ги охрабриме сите да ги искористат своите можности да придонесат за позитивни реформи во земјава на патот до Европската Унија. И трето, да порачаме дека ЕУ ќе ве поддржи, ќе застане до вас.“, изјави Гир.
Во последните 10 години со фондови од ЕУ на територијата на Општина Гостивар реализирани се околу триесетина проекти во вредност од околу 4,8 милиони евра, рече Таравари.
„Се надевам дека поддршка ќе добиваме и во иднина. Добив информација дека ќе има и други проекти каде ќе може да конкурираме како општина. Од денес ќе имаме и контакт лице кое постојано ќе биде во комуникација со канцеларијата на ЕУ, се‘ со цел да знаеме кога има одредени објави за да конкурираме со добри проекти. Со Амбасадорот на средбата зборувавме и за тоа дека Македонија што побргу треба да биде дел од европското семејство, во тој поглед не гледам дека ќе има некаков проблем во Гостивар, овде повеќето луѓе се согласуваат со тоа“, изјави градоначалникот.
Во рамки на кампањата Гир ќе го посети Здравствениот дом во Гостивар каде ЕУ има донирано помош во вакцини против ковид, како и медицинска опрема, донација што е дел од помошта во здравството од 8 милиони евра за земјава. Исто така, ќе оствари средби со претставници на невладини организации и со граѓани.
-
Гостиварпред 2 месеци
Курсна листа на НБРМ и приватните менувачници во Гостивар
-
Македонијапред 2 месеци
Денеска е Летник
-
Македонијапред 3 месеци
Србите го слават Свети Сава – Национален празник на српската заедница во земјава
-
Македонијапред 1 месец
Денес е Прочка – Проштевајте и побарајте прошка од оној на кој сте му згрешиле
-
Гостиварпред 2 месеци
Објавен повик за невработени-По 6.000 евра грант за да си отворат бизнис
-
Видео емисиипред 3 месеци
Емисија „МИНУТИ ЗА СЕКОГО“ – Гостин: д-р Агим Јакупи | НАТАЛИТЕТ И ЖЕНСКО ЗДРАВЈЕ
-
Вестипред 2 месеци
Историјат на Осми март – Празник посветен на правата на жените
-
Гостиварпред 3 месеци
Баба Нада со 90 години е најстар жител на Зубовце, денес пречека добри гости во домот