Поврзи се со нас

Занимливости

Дождот како можна заштита на градот од недостиг на вода

Објавено

на

Дождот може да стане клучен природен извор за заштита на градовите од можен недостиг на вода. Холандската компанија „Вејвин“ (Wavin) веќе работи на тоа, па директорот Фрисо Клапвијк објасни за што се работи.

– Единственото нешто што го правиме кога ќе почне да врне е отворање чадор, а дома ја пренасочуваме водата да тече во олуците, што спречува поплавување. Чудната работа во природата е што таа го впива дождот и го користи за дрвјата и растенијата. Што треба ние да направиме? – Да го одржиме водениот циклус каков што го знаеме во природата и да го воспоставиме во градовите. Неопходно е да се задржи дождовницата и повторно да се користи во градовите, нагласи тој.

Компанијата „Метрополдер“, која неодамна е купена од „Вејвин“, изработува зелени покриви за згради кои апсорбираат и акумулираат дождовница.

– Концептот што го развиваме се заснова на холандскиот концепт на ‘Полдер’, кој подразбира паметно користење и управување со водата. Тоа значи дека дождовницата се собира на покривот и нејзината количина може да се контролира. Водата за пиење ја користиме за различни намени, а може лесно да биде заменета со дождовницата – за ладење на зградите, во индустријата, како и во тоалетот за одмивање на тоалетната школка или за перење алишта, појасни Клапвијк.

Климатските промени истовремено резултираат со поинтензивни врнежи и со суши. Од друга страна, со растот на населението во светот, потребата од вода е сѐ поголема. Затоа, управувањето со водите е едно од клучните прашања на иднината.

Сподели ја веста:
Advertisement

Маркетинг

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Огласи за вработување:

Македонијапред 51 минута

Денес е Велики четврток, првите велигденски јајца вапсани пред изгрејсонце

Македонијапред 12 часа

Како да препознаете фалсификат евро монета

Гостиварпред 13 часа

Почнува уписот на првачиња за учебната 2024/2025 година

Регионпред 18 часа

Објавени телефонски броеви за итни случаи за државјани на Македонија кои ќе летуваат во Албанија

Македонијапред 19 часа

Синдикален протест: Повисоки плати, трошоци за храна и превоз, 35-часовна работна недела…

Здравје и убавинапред 21 час

Телото ви кажува ако прекумерно внесувате шеќер

Македонијапред 22 часа

Внимателно при палење оган на отворено, апел од ЦУК до граѓаните кои ќе прават првомајски излет во природа

Вестипред 24 часа

Меѓународен ден на трудот, симбол на борба за работнички права

Рецептипред 2 дена

Празничен рецепт – Велигденска погача за убава трпеза и вкусен залак

Гостиварпред 1 месец

Света архијерејска Василиева литургија во Гостивар со гости од Србија и чин на ракоположување

Гостиварпред 2 месеци

Со љубов и почит кон корените – „Танец“ одржа концерт во Гостивар

Гостиварпред 3 месеци

Водици 2024 Гостивар: Осветени водите на Вардар – Бог се јави, Навистина се јави!

Гостиварпред 4 месеци

Ангелчињата во Гостивар го најавија Христовото раѓање-Бадникова поворка 2024

Спортпред 5 месеци

По првиот круг од сезоната КК Гостивар „виси“ на 8-та позиција на табелата

Спортпред 5 месеци

Кехинде од пенал му пресуди на Македонија Ѓорче Петров 1-0

Гостиварпред 8 месеци

Стефановски: Гостивар одличен како домаќин и публика, благодариме од срце!

Спортпред 8 месеци

ФК Гостивар загуби на домашен терен од Силекс 1-2

Гостиварпред 9 месеци

Осветена црквата „Св.Климент Охридски“ во Пожаране: Да го чуваме православието, секој храм е парче небо на земјата!

Advertisement

Популарно изминативе 100 дена