Гостивар
Во Гостивар за средношколците почна проект „Стоп на говорот на омраза“
Денеска (21 ноември) на поширокото гостиварско подрачје започна превентивно-едукативниот проект „Стоп на говорот на омраза“, чиј носител е Отсекот за превeнција во Секторот за внатрешни работи Тетово, во координација и соработка со ОБСЕ.
„Со овој проект кој ќе се реализира и на тетовското подрачје ќе бидат опфатени над 3200 ученици од втора година кои следат настава на македонски, албански и турски јазик во вкупно 13 средни училишта на подрачјето, а се планира да трае до крајот на овој месец. На посебни часови, стручно обучени полициски службеници поблиску ќе ги запознаат учениците што претставува говорот на омраза, како да се препознае и како да се превенира истиот, не само на училиште, туку и во нивното слободно време, на социјалните мрежи и секаде каде ќе се пројави во неговиот основен вид и со неговите општствено негативни карактеристики и крајни последици.“, информира портпаролот на СВР Тетово, Марјан Јосифоски.
На учениците, исто така, ќе им биде објаснето како да се воздржат и надминат сите предрасуди и стереотипи во кои е содржан ваков говор, да не се поттикнува истиот, нетолеранцијата, дискриминацијата и другите форми на девијантно однесување на младите, а кои во крајна линија неретко можат да бидат причина и за врсничко насилство во училиштата и надвор од нив. На учениците ќе им биде поделен и соодветен едукативен материјал.
-
Гостиварпред 2 месеци
Курсна листа на НБРМ и приватните менувачници во Гостивар
-
Македонијапред 2 месеци
Денеска е Летник
-
Македонијапред 3 месеци
Србите го слават Свети Сава – Национален празник на српската заедница во земјава
-
Македонијапред 2 месеци
Денес е Прочка – Проштевајте и побарајте прошка од оној на кој сте му згрешиле
-
Гостиварпред 2 месеци
Објавен повик за невработени-По 6.000 евра грант за да си отворат бизнис
-
Видео емисиипред 3 месеци
Емисија „МИНУТИ ЗА СЕКОГО“ – Гостин: д-р Агим Јакупи | НАТАЛИТЕТ И ЖЕНСКО ЗДРАВЈЕ
-
Вестипред 2 месеци
Историјат на Осми март – Празник посветен на правата на жените
-
Гостиварпред 3 месеци
Баба Нада со 90 години е најстар жител на Зубовце, денес пречека добри гости во домот