Гостивар
Гостивар меѓу градовите со најмногу новороденчиња во трето тримесечје годинава
Во третото тримесечје од 2022 година, во земјава се евидентирани 4 956 живородени деца и во споредба со истиот период од претходната година нивниот број е намален за 3.0 %, покажуваат податоците на Државниот завод за статистика.
Со 161 новороденче Гостивар е меѓу градовите кои имаат најголем број на новородени бебиња во земјава. На листата предничи Скопје, па следуваат Куманово, Битола, Тетово…Гостивар, исто така е еден од поретките региони со позитивен природен прираст, односно повеќе родени од починати, чија бројка во третиот квартал е 153.
Бројот на умрените лица на државно ниво бележи намалување од 28.9% во споредба со лани, односно 5 145 лицa, од кои 12 се умрени доенчиња.
Природниот прираст е -189 лица, односно за толку лица е помал бројот на живородените деца од бројот на умрените лица.
Во ова тримесечје од годината во Македонија склучени се 4 614 бракови и нивниот број е намален за 5.1 % во споредба со истиот период од 2021 година. Во Гостивар се евидентирани 195 нови брачни заедници.
За третото квартал од 2022 се добиени 314 извештаи за разведени бракови, што претставува намалување од 13.0 % во споредба со истото тримесечје од 2021 година.
-
Гостиварпред 2 месеци
Курсна листа на НБРМ и приватните менувачници во Гостивар
-
Македонијапред 1 месец
Денеска е Летник
-
Македонијапред 3 месеци
Србите го слават Свети Сава – Национален празник на српската заедница во земјава
-
Македонијапред 1 месец
Денес е Прочка – Проштевајте и побарајте прошка од оној на кој сте му згрешиле
-
Гостиварпред 2 месеци
Објавен повик за невработени-По 6.000 евра грант за да си отворат бизнис
-
Вестипред 2 месеци
Историјат на Осми март – Празник посветен на правата на жените
-
Што, како, каде?!пред 3 месеци
ШОУ: Легендарните „Солза и Смеа“ доаѓаат во Гостивар
-
Видео емисиипред 3 месеци
Емисија „МИНУТИ ЗА СЕКОГО“ – Гостин: д-р Агим Јакупи | НАТАЛИТЕТ И ЖЕНСКО ЗДРАВЈЕ