Гостивар
Трибина на Форум на жени на СДСМ во Гостивар: Насилството врз жените не е приватна работа, туку е прашање упатено кон целото општество
Сите да се обединат во борбата против насилството врз жените, да ја дадат својата поддршка на жртвите и гласно да се говори за овој горлив проблем. Ова беа дел од пораките испратени од вечерашната трибина која се одржа во Гостивар, по повод 16 дена женски активизам, а ја организираше Форумот на жени на ОО на СДСМ Гостивар.
„Насилството во сите негови форми е неприфатливо, дискриминирачко и мора да биде осудено, сузбиено и спречено по секоја цена. Насилството врз жените повеќе не е женско прашање, не е приватна работа, туку е прашање упатено кон целото општество. За насилството како општествена појава не треба да молчиме, туку напротив треба гласно да говориме! А колку сме погласни, толку се поголеми шансите за негово превенирање и спречување, затоа што сите форми на роводо базирано насилство оставаат значителни и долготрајни последици врз здравјето и добросостојбата на жените и децата. Борбата со насилството не трае еден ден, таа трае во текот на целиот живот на секој поединец.“, истакна Ванеса Василеска, претседателка на Форумот на жени.
Една од говорничките, Магдалена Нестороска, државен секретар во МВР пред присутните сподели потресни сведоштва на жени, жртви за семејсно насилство, потенцирајќи дека тие најдобро допираат до сите и покажуваат за каков сериозен проблем се работи.
„Се случуваше уште во почетокот, само јас не бев свесна, бев млада, со мали деца, со многу обврски, секогаш да биде по негово, како тој што ќе каже, затоа што јас сум била глупава и не сум знаела ништо. Не дај боже да подигнев глас, веднаш ме удираше. Еднаш некое од децата го разбудило додека јас правев зимница во дворот, дојде и ме удри толку силно што паднав, не знаев зошто, само викнав „немој роднините гледаат“. Се‘ ме болеше и навредите и ударите. Колку пати не можев да се издишам од болка, ме тепаше пред децата, пред роднините, пред комшиите и секогаш јас бев крива, а јас постојано го оправдував, млад е, пијан е, ќе му помине…Едно утро кога тој излезе, си ги собрав торбите и излегов, не се свртев назад. На жените им викам-да не ја повторувате мојата грешка, да не чекате да се промени тој туку сами да ја направите промената на својот живот“, беше една од приказните.
На трибината свои обраќања имаа и Магдалена Савеска, директорка на Центар за социјална работа во Гостиват, Нермине Изаири, инспектор за семејно насилство и Анета Филипоска, извршен директор на невладината ИГИ.
Кампањата „16 дена активизам против родово базирано насилство“ има цел да ја подигне општествената свест во борбата за спречување на родово базираното насилство, и се спроведува секоја година од 25 ноември – Меѓународниот ден за елиминација на насилството против жените до 10 декември – Меѓународниот ден на човековите права.
-
Гостиварпред 2 месеци
Курсна листа на НБРМ и приватните менувачници во Гостивар
-
Македонијапред 2 месеци
Денеска е Летник
-
Македонијапред 3 месеци
Србите го слават Свети Сава – Национален празник на српската заедница во земјава
-
Македонијапред 2 месеци
Денес е Прочка – Проштевајте и побарајте прошка од оној на кој сте му згрешиле
-
Гостиварпред 2 месеци
Објавен повик за невработени-По 6.000 евра грант за да си отворат бизнис
-
Видео емисиипред 3 месеци
Емисија „МИНУТИ ЗА СЕКОГО“ – Гостин: д-р Агим Јакупи | НАТАЛИТЕТ И ЖЕНСКО ЗДРАВЈЕ
-
Вестипред 2 месеци
Историјат на Осми март – Празник посветен на правата на жените
-
Гостиварпред 3 месеци
Баба Нада со 90 години е најстар жител на Зубовце, денес пречека добри гости во домот