Гостивар
Ќе има ли новогодишно украсување на Гостивар?

Во буџетот на Општина Гостивар годинава не се предвидени финансиски средства за новогодишно украсување на градот. Глобалната економска криза си го направи своето и мора да се штеди, да се намалуваат трошоците, велат од локалната самоуправа. Сепак, се прават напори, со поддршка на приватни компании да се обезбедат услови за украсување барем на централниот дел на градот.
„Општина Гостивар како и сите други општини, институции па и граѓаните се справува со голема криза поради енергетската криза и ситуацијата во Украина која влијаеше врз економијата. Општината годинава нема определено буџетска ставка за украсување на градот. Сепак, во преговори сме со неколку компании и поединци кои сакаат да помогнат во тој правец и се надеваме дека со нивна помош ќе имаме симболично украсување на градот, за сите ние како граѓани и нашите деца да ја почувствуваме таа новогодишна атмосфера.“, вели претседателот на Советот, Валбон Лимани.
Доколку општинарите успеат во намерата да ја добијат потребната поддршка од приваните фирми, на плоштадот ќе има новогодишна елка, неколку други декоративни елементи и на околното подрачје ќе се инсталираат украсни светилки.
Исто така, по повод новогодишните празнувања има иницијатива во Гостивар да се организира музички настан, во кој би се вклучиле локални изведувачи.
Поради високите цени на електричната енергија и препораките на Владата за заштеда на струја, дел од општините нема да трошат средства за новогодишно украсување и за новогодишни манифестации.
-
Гостиварпред 2 месеци
Курсна листа на НБРМ и приватните менувачници во Гостивар
-
Занимливостипред 2 недели
Речениците на Толстој ја откриваат тајната на среќен живот: Најголемите вистини се наједноставни
-
Здравје и убавинапред 3 месеци
„Сокче од морковче“… дознајте кои се огромните придобивки
-
Занимливостипред 3 недели
Како се прават најдобрите кубански цигари – Отмена арома на луксузот
-
Гостиварпред 1 месец
Девизниот курс денес според приватните менувачници во Гостивар и НБРМ
-
Гостиварпред 3 недели
Се потсетуваме, најсреќните на Водици во Гостивар кои го извадија крстот од Вардар
-
Гостиварпред 2 месеци
Ниќифорово може да даде уште една потврда дека Македонија е библиска земја
-
Македонијапред 2 недели
Србите го слават Свети Сава – Национален празник на српската заедница во земјава