Поврзи се со нас

Гостивар

Дедо Мраз ги израдува децата кои се лекуваат на педијатрија во Гостивар

Објавено

на

Децата пациенти на педијатриското одделение во гостиварската болница „Д-р Ферид Мурад“ имаа пријатно предновогодишно изненадување. Малите пациенти ги посети Дедо Мраз и им подари новогодишни пакетчиња. Активноста ја организираше здружението “When in Trouble” од Гостивар.

„Сакаме да внесеме барем малку радост и насмевки на лицата на дечињата кои за жал празничните денови ги поминуваат на лекување во болницата. Знаеме дека најмногу му се радуваат на Дедо Мраз и затоа решивме да им подготвиме вакво изненадување. Им посакуваме што побргу да оздрават и да имаат весело и среќно детство“, вели претседателката на здружението, Билјана Беловинова.

Медицинскиот персонал од детското одделение и родителите се заблагодарија на убавиот гест и вниманието кон дечињата кое секогаш е добредојдено.

Периодов што измина здружението “When in Trouble” организираше и учествуваше во бројни акции од хуманитарен карактер по повод новогодишние празнувања наменети за децата со посебни потреби, социјални семејства, стари лица и др.

Сподели ја веста:

Маркетинг

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Огласи за вработување:

Гостиварпред 1 месец

Света архијерејска Василиева литургија во Гостивар со гости од Србија и чин на ракоположување

Гостиварпред 2 месеци

Со љубов и почит кон корените – „Танец“ одржа концерт во Гостивар

Гостиварпред 3 месеци

Водици 2024 Гостивар: Осветени водите на Вардар – Бог се јави, Навистина се јави!

Гостиварпред 4 месеци

Ангелчињата во Гостивар го најавија Христовото раѓање-Бадникова поворка 2024

Спортпред 5 месеци

По првиот круг од сезоната КК Гостивар „виси“ на 8-та позиција на табелата

Спортпред 5 месеци

Кехинде од пенал му пресуди на Македонија Ѓорче Петров 1-0

Гостиварпред 8 месеци

Стефановски: Гостивар одличен како домаќин и публика, благодариме од срце!

Спортпред 8 месеци

ФК Гостивар загуби на домашен терен од Силекс 1-2

Гостиварпред 9 месеци

Осветена црквата „Св.Климент Охридски“ во Пожаране: Да го чуваме православието, секој храм е парче небо на земјата!

Advertisement

Популарно изминативе 100 дена