Поврзи се со нас

Гостивар

Богојавленското чествување во Бигорски почнува утре, тече пријавување за вадење на светиот крст

Објавено

на

Со вечерна богослужба утре (17 јануари) почнува Богојавленското чествување во древното македонско светилиште, Бигорскиот манастир. Богослужбата е најавена со почеток од 16 часот, сеноќното бдение во 23 часот, додека Богојавленскиот голем водосвет во манастирската фијала ќе се изврши во 4 часот наутро. На ден Водици (19 јануари) во 8 часот ќе биде отслужена Божествена златоустова литургија во храмот „Пресвета Богородица“ во Ростуше, од каде во 9 часот ќе тргне литијата кон Ростушки мост на реката Радика за положување на светиот крст.

„Со чинот на осветувањето на богојавленската вода и полагањето на крстот во водите, се симболизира ослободувањето од гревот што Христос му го донесе на родот човечки. Во тој миг се случува осветување на сите води и секој што ќе се допре или пие од таа осветена и облагодатена вода, го чувствува Божјиот благослов, се исполнува со голема сила и му се дава духовно и телесно здравје, но само доколку со вистински страв Божји и побожност пристапува кон оваа голема тајна. Затоа е многу важно учесниците во чинот на полагањето на крстот во водата претходно да учествуваат и на Божествената Литургија со примање на Светата причест. Всушност самиот овој чин не треба да биде сфатен како еден обичен ритуал, ниту некаква натпреварувачка игра на којашто целта е само да се фати крстот, туку учесниците после Литургијата треба со литија да се упатат кон местото каде што ќе се осветуваат водите, и тука со најголема почит и внимание да ги слушаат прекрасните молитви на водосветот, без непристојно однесување и викање, бидејќи така си го отфрлаат благословот. Оној, пак, кој ќе се удостои да го извлече крстот што се допира до водите и ги осветува, и да му го врати на свештеникот, треба претходно да го целива со вера, да им даде и на другите околу себе да го целиваат за и тие да бидат благословени. Потоа да го однесе благословот и во својот дом кај своите ближни, зашто крстот треба да им стане она што ќе ги обединува сите во взаемна љубов и силна вера во Христа.“, се вели во известувањето од манастирот.

Заинтересираните кои сакаат да земат учество во чинот на полагањето на крстот во водите на реката Радика, може да се пријават кај надлежниот архимандрит, отец Доситеј на телефон: 070 342 970.

фото:Бигорски манастир

Сподели ја веста:
Advertisement

Маркетинг

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Огласи за вработување:

Гостиварпред 1 месец

Света архијерејска Василиева литургија во Гостивар со гости од Србија и чин на ракоположување

Гостиварпред 2 месеци

Со љубов и почит кон корените – „Танец“ одржа концерт во Гостивар

Гостиварпред 3 месеци

Водици 2024 Гостивар: Осветени водите на Вардар – Бог се јави, Навистина се јави!

Гостиварпред 4 месеци

Ангелчињата во Гостивар го најавија Христовото раѓање-Бадникова поворка 2024

Спортпред 5 месеци

По првиот круг од сезоната КК Гостивар „виси“ на 8-та позиција на табелата

Спортпред 5 месеци

Кехинде од пенал му пресуди на Македонија Ѓорче Петров 1-0

Гостиварпред 8 месеци

Стефановски: Гостивар одличен како домаќин и публика, благодариме од срце!

Спортпред 8 месеци

ФК Гостивар загуби на домашен терен од Силекс 1-2

Гостиварпред 9 месеци

Осветена црквата „Св.Климент Охридски“ во Пожаране: Да го чуваме православието, секој храм е парче небо на земјата!

Advertisement

Популарно изминативе 100 дена