Поврзи се со нас

Гостивар

Од петок се отвора сезоната за спортски риболов на Мавровско езеро и Радика

Објавено

на

Од петок, 3 февруари 2023 година, се отвора сезоната за спортски риболов на Мавровско eзеро и река Радика во Националниот парк Маврово, информираат од паркот.

Дозволени денови за спортски риболов се:

  • Мавровско Езеро

Од 03.02.2023 година до 01.06.2022 година дозволени денови за риболов се: петок, сабота, недела и државни празници.

Од 01.06.2023 до 31.10.2023 година риболовот ќе биде дозволен секој ден.

За периодот од 01.10.2023 до 31.10.2023 спортскиот риболов на Мавровско Езеро ќе биде дозволен секој ден за сите видови риби освен за ПАСТРМКА која е во период на природен мрест

  • Река Радика и притоки

Дозволени денови за риболов од 03.02.2023 година до 30.09.2023 година се: петок, сабота, недела и државни празници, а во месец август риболовот ќе биде дозволен секој ден

Оваа риболовна сезона има промена на цените за дозволите за спортски риболов и се воведуваат уште три видови на дозволи и тоа: Викенд риболовна дозвола, Годишна риболовна дозвола за ученици, студенти и пензионери и Годишна риболовна дозвола за жители во паркот.

Ценовник на дозволи за спортски риболов:

  • Дневна риболовна дозвола – 300,00 денари
  • Седумдневна риболовна дозвола – 1.500,00 денари
  • Петнаесетдневна риболовна дозвола – 2.200,00 денари
  • Годишна риболовна дозвола – 4.500,00 денари
  • Викенд риболовна дозвола (петок, сабота и недела) – 700,00 денари
  • Годишна риболовна дозвола за ученици, студенти и пензионери – 3.000,00 денари
  • Годишна риболовна дозвола за жители во паркот – 2.500,00 денари

Услов за добивање на Годишна риболовна дозвола за ученици, студенти и пензионери е приложување на соодветен документ (чек од пензија, документ за ученик или студент). Услов за добивање на Годишна риболовна дозвола за жители во паркот е приложување на лична карта.

Дозволи можат да се набават во Информативниот туристички центар во Маврови Анови.

Дневна риболовна дозвола може да се купи и преку електронски систем на www.npmavrovo.mk во делот за БИЛЕТИ или на следниов линк. За да купите дневна риболовна дозвола преку електронскиот систем мора да имате важечка E-MAIL адреса на која ќе добиете потврда за уплата. Уплатата може да се изврши со сите видови на платежни картички.

Останува обрвската да поседувате легитимација за спортски риболов со платена членарина за тековната година. Дозволата која ќе ја купите по електронски пат ќе ја има и во хартиена форма која може да се подигне во Информативниот туристички центар, потсетуваат од ЈУНП „Маврово“.

Сподели ја веста:
Advertisement
Advertisement

Маркетинг

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Огласи за вработување:

ПАРЛАМЕНТАРНИ ИЗБОРИ 2024пред 6 часа

Митинг на ВМРО-ДПМНЕ во Гостивар: „Сплотени да и‘ го зададеме последниот удар на оваа криминална власт“

Македонијапред 9 часа

Кое е значењето на велигденското јајце и зошто е земено за симбол на Христовото Воскресение

Гостиварпред 10 часа

Две пријави за каснување од бездомни кучиња во Гостивар

Македонијапред 12 часа

Осигурувањето за регистрација на возилата се враќа по стара цена

Гостиварпред 13 часа

Инцидент на патот Гостивар-Кичево

Македонијапред 14 часа

Велигденско послание на г.г. Стефан: Незаодната светлина од Велигден да не‘ поврзе сите Македонци во богољубието, братољубието и родољубието

Гостиварпред 15 часа

Излетал од пат четирицикл во Галичник, повредени девојка и момче

Македонијапред 16 часа

Се исплаќа априлската социјална помош

Бизниспред 17 часа

ИНОВАЦИЈА НА КОМПАНИЈАТА АСИНУС- ГОСТИВАР: Складирање на свежо овошје со био турбо технологија во нов погон во Македонски Брод

Гостиварпред 1 месец

Света архијерејска Василиева литургија во Гостивар со гости од Србија и чин на ракоположување

Гостиварпред 2 месеци

Со љубов и почит кон корените – „Танец“ одржа концерт во Гостивар

Гостиварпред 3 месеци

Водици 2024 Гостивар: Осветени водите на Вардар – Бог се јави, Навистина се јави!

Гостиварпред 4 месеци

Ангелчињата во Гостивар го најавија Христовото раѓање-Бадникова поворка 2024

Спортпред 5 месеци

По првиот круг од сезоната КК Гостивар „виси“ на 8-та позиција на табелата

Спортпред 5 месеци

Кехинде од пенал му пресуди на Македонија Ѓорче Петров 1-0

Гостиварпред 8 месеци

Стефановски: Гостивар одличен како домаќин и публика, благодариме од срце!

Спортпред 8 месеци

ФК Гостивар загуби на домашен терен од Силекс 1-2

Гостиварпред 9 месеци

Осветена црквата „Св.Климент Охридски“ во Пожаране: Да го чуваме православието, секој храм е парче небо на земјата!

Advertisement

Популарно изминативе 100 дена