Поврзи се со нас

Гостивар

Контрола на товарни возила, казни за неисправност и претовар

Објавено

на

Секторот за внатрешни работи Тетово соопшти дека во рамките на континуираните активности за поголем ред и безбедност на патиштата во поширокиот Полошки регион вчера (7 февруари) од 8 до 12 часот, спроведена е засилена акциска контрола на товарни возила, претежно камиони, комбиња и „пикап возила“. При контролата, биле откриени и санкционирани вкупно 6 технички неисправни возила (ТЕ-5 и ГВ-1), од кои 5 (ТЕ) имале неисправни сопирачки, а 1 (ГВ) неисправни други системи и опрема. Сите неисправни возила веднаш се исклучени од сообраќај и на возачите им се изготвени соодветни поднесоци во кои за ваков прекршок е предвидена парична глоба од 400 евра во денарска противвредност.
Покрај ова, кај 5 возила (ТЕ-2 и ГВ-3) бил констатиран претовар, како и 3 (ГВ) други видови недостатоци. Санкционирани, исто така, биле и двајца возачи(ТЕ) поради користење на неатестирани фолии и зборување на мобилен телефон, а поради непрописно, односно погрешно паркирање биле подигнати 7 возила (ТЕ).
Секторот за внатрешни работи Тетово со апел до возачите да не тргнуваат на пат со технички непрегледани и неисправни возила, зашто ја доведуваат во прашање сопствената и безбедноста на другите учесници во сообраќајот. Се апелира, исто така, да внимаваат на претовар на патници и на тоа какви фолии и каде ги поставуваат.

Сподели ја веста:

Маркетинг

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Огласи за вработување:

Гостиварпред 1 месец

Света архијерејска Василиева литургија во Гостивар со гости од Србија и чин на ракоположување

Гостиварпред 2 месеци

Со љубов и почит кон корените – „Танец“ одржа концерт во Гостивар

Гостиварпред 3 месеци

Водици 2024 Гостивар: Осветени водите на Вардар – Бог се јави, Навистина се јави!

Гостиварпред 4 месеци

Ангелчињата во Гостивар го најавија Христовото раѓање-Бадникова поворка 2024

Спортпред 5 месеци

По првиот круг од сезоната КК Гостивар „виси“ на 8-та позиција на табелата

Спортпред 5 месеци

Кехинде од пенал му пресуди на Македонија Ѓорче Петров 1-0

Гостиварпред 8 месеци

Стефановски: Гостивар одличен како домаќин и публика, благодариме од срце!

Спортпред 8 месеци

ФК Гостивар загуби на домашен терен од Силекс 1-2

Гостиварпред 9 месеци

Осветена црквата „Св.Климент Охридски“ во Пожаране: Да го чуваме православието, секој храм е парче небо на земјата!

Advertisement

Популарно изминативе 100 дена