Гостивар
Дел од медицинарите во Гостивар излегоа на протест за достинство, повисока плата, К15, подобар „Мој Термин“…
Здравствени работници во Гостивар утрово се приклучија на протестот што низ цела држава го организираше Самостојниот синдикат за здравство, фармација и социјална заштита на Македонија. Во периодот од 10 до 10.30 часот наместо на вообичаената пауза, тие излегоа пред гостиварската болница да изразат незадоволство и да ги искажат своите барања кон надлежните.
„Ова не е ниту политички протест, ниту партиски протест, туку протест за да изразиме општо незадоволство, како колегите во цела држава. Нашите барања се за покачување на плата, исплата на К15, за поголем ред во здравството, подобар Мој Термин, подобро ФЗО, затоа што секогаш мислам дека ние работиме за нив, а не тие за нас. За позадоволни пациенти, позадоволни здравстевни работници со достоинствени услови. Очигледно прашањето е зошто докторите овде не излегоа на протест, очигледно не им требаат пари. Овде денес сме само медицински сестри, болничари, друг персонал и само двајца-тројца доктори. Замислете 1:5 е разликата во плата доктор-медицинска сестра, да не зборуваме за хигиеничари, техничка служба итн. Во државата ни фали здравствен кадар, оти младите си заминуваат. Како вака ќе ги спречиме. Неправдата е направена, сега бараме колку толку да може да се исправи“, рече Весна Ѓорѓеска, медицинска сестра во интернистичката амбуланта на болницата во Гостивар.
Медицинските работници се изреволтирани и поради доцнењето на јануарската плата, што се случи откако имаше хакерски напад на системот на ФЗО. Од таму пак информираа дека исплатата веќе почна и денеска сите ќе ги добијат платите.
-
Гостиварпред 2 месеци
Курсна листа на НБРМ и приватните менувачници во Гостивар
-
Македонијапред 1 месец
Денеска е Летник
-
Македонијапред 3 месеци
Србите го слават Свети Сава – Национален празник на српската заедница во земјава
-
Македонијапред 1 месец
Денес е Прочка – Проштевајте и побарајте прошка од оној на кој сте му згрешиле
-
Гостиварпред 2 месеци
Објавен повик за невработени-По 6.000 евра грант за да си отворат бизнис
-
Вестипред 2 месеци
Историјат на Осми март – Празник посветен на правата на жените
-
Што, како, каде?!пред 3 месеци
ШОУ: Легендарните „Солза и Смеа“ доаѓаат во Гостивар
-
Видео емисиипред 3 месеци
Емисија „МИНУТИ ЗА СЕКОГО“ – Гостин: д-р Агим Јакупи | НАТАЛИТЕТ И ЖЕНСКО ЗДРАВЈЕ