Поврзи се со нас

Македонија

МТСП: Минималната плата од март ќе биде 20.175 денари

Објавено

на

Зголемувањето на минималната плата ќе биде за 12,55 отсто, односно истата од март ќе изнесува 20.175 денари. Ова значи дека граѓаните добиваат повисоки плати за над 2000 денари, информираат од Министерството за труд и социјална политика.

Со измените на законот за минимална плата, донесени во март 2022 година, се воспостави нова методологија, која е системско решение и кое значи постојан раст на минималната плата.

-Секоја година во март минималната плата  се усогласува согласно податоците од Државниот завод за статистика, и тоа 50% од порастот на  трошоците за живот и 50% од порастот на просечната плата од измината година, посочуваат од МТСП.

Од 2017 година имаме континуирано зголемување на минималната плата и тоа во 2017/2018 година на 12,000 ден, во 2019 година на 12,507 ден, во 2020 на 14,500 денари, во 2021 на 15,194 ден. Во март  2022 година минималната плата достигна  18,000 денари за разлика од 2016 кога минималната плата изнесуваше 10.080 денари.

Во март месец 2023 година минималната плата достигнува 20.175 денари, што е за над 10.000 денари повеќе. Носиме системски решенија, од кои граѓаните имаат директни придобивки, се вели во соопштението од МТСП.

Сподели ја веста:

Маркетинг

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Огласи за вработување:

Гостиварпред 1 месец

Света архијерејска Василиева литургија во Гостивар со гости од Србија и чин на ракоположување

Гостиварпред 2 месеци

Со љубов и почит кон корените – „Танец“ одржа концерт во Гостивар

Гостиварпред 3 месеци

Водици 2024 Гостивар: Осветени водите на Вардар – Бог се јави, Навистина се јави!

Гостиварпред 4 месеци

Ангелчињата во Гостивар го најавија Христовото раѓање-Бадникова поворка 2024

Спортпред 5 месеци

По првиот круг од сезоната КК Гостивар „виси“ на 8-та позиција на табелата

Спортпред 5 месеци

Кехинде од пенал му пресуди на Македонија Ѓорче Петров 1-0

Гостиварпред 8 месеци

Стефановски: Гостивар одличен како домаќин и публика, благодариме од срце!

Спортпред 8 месеци

ФК Гостивар загуби на домашен терен од Силекс 1-2

Гостиварпред 9 месеци

Осветена црквата „Св.Климент Охридски“ во Пожаране: Да го чуваме православието, секој храм е парче небо на земјата!

Advertisement

Популарно изминативе 100 дена