Македонија
Повеќе умрени отколку новородени на државно ниво, во Гостивар обратно
Државниот завод за статистика соопшти дека природниот прираст на населението во земјава е намален. Во четвртото тримесечје од 2022 година изнесува – 616 лица што значи дека за толку лица е помал бројот на живородените деца од бројот на умрените лица.
Во четвртото тримесечје од 2022 година живородени се 4 427 деца и во споредба со истиот период од претходната година нивниот број е намален за 4,7 отсто. Бројот на умрените лица во четрвтото тримесечје од 2022 година бележи намалување од 26,8 отсто во споредба со истото тримесечје од 2021 година, односно 5 043 лицa, од кои девет се умрени доенчиња.
Во ова тримесечје од годината се склучени 2 762 бракови и нивниот број е намален за два отсто во споредба со истиот период од 2021 година.
За четвртото тримесечје од 2022 година се добиени 339 извештаи за разведени бракови, што претставува намалување од 39,1 отсто во споредба со истото тримесечје од 2021 година.
Според податоците од ДЗС, во Гостивар во четвртото тримесечје од 2022 година се бележи позитивен природен прираст. Биле родени 134 бебиња, а починале 127 лица. Имало 129 склучени бракови, додека 46 парови се развеле.
-
Гостиварпред 2 месеци
Курсна листа на НБРМ и приватните менувачници во Гостивар
-
Македонијапред 2 месеци
Денеска е Летник
-
Македонијапред 3 месеци
Србите го слават Свети Сава – Национален празник на српската заедница во земјава
-
Македонијапред 2 месеци
Денес е Прочка – Проштевајте и побарајте прошка од оној на кој сте му згрешиле
-
Гостиварпред 2 месеци
Објавен повик за невработени-По 6.000 евра грант за да си отворат бизнис
-
Видео емисиипред 3 месеци
Емисија „МИНУТИ ЗА СЕКОГО“ – Гостин: д-р Агим Јакупи | НАТАЛИТЕТ И ЖЕНСКО ЗДРАВЈЕ
-
Вестипред 2 месеци
Историјат на Осми март – Празник посветен на правата на жените
-
Гостиварпред 3 месеци
Баба Нада со 90 години е најстар жител на Зубовце, денес пречека добри гости во домот